Нов шок во истрагата за трагедијата која што ја потресе Србија!

31 декември, 20140
10
Нов шок во истрагата за трагедијата која што ја потресе Србија, но и целиот регион, откако во јавноста се појави информацијата дека четиригодишно братче веројатно не ја убило својата осумгодишна сестричка.

Имено, родениот брат на Елена Крсмановиќ (8), малиот Филип (4), според најновите информации и спротивно од она што досега се веруваше, изгледа дека не го повлекол чкрапалото од ловечката пушка со која било убиено малото девојче.


Така, српскиот магазин “Novosti” ја пренесува потврдената информација од страна на Обвинителството во Белград, дека на рацете на четиригодишното момче не се пронајдени барутни честички, каков што е случајот во ваквите убиства.

Исто така, од Обвинителството нагласиле дека, добиените резултати од “парафинската ракавица” недвосмислено покажуваат дека вакви траги нема ниту кај останатите членови на семејството.


Трагедија

Трагедијата во семејниот дом на Крсмановиќ се случи на 14 декември годинава. Дарко, таткото на убиената Елена и нејзиниот дедо Јово, тоа кобно попладне се вратиле од лов, по што го исчистиле оружјето. Во еден момент, Дарко ги оставил своите две малолетни лица во собата во која на масата биле оставени и двете ловечки пушки.

Како што било потврдено за споменатиот српски магазин, на рацете на покојната Елена, на нејзиниот татко Дарко, мајката Јелена и братчето, како и кај дедото Јово и бабата Бранка, не биле пронајдени честички карактеристични како остатоци по пукањето од огнено оружје.

“Токму поради тоа е дадена наредба за земање на ДНК профилот и изработка на ДНК профили од сите расположливи траги пронајдени на местото на несреќата”, било соопштено од Обвинителството. Исто така, дадена е наредба и за земање на брис и изработка на ДНК профил на Дарко Крсмановиќ и неговиот малолетен син, поради потребната споредба.


Од Обвинителството истакнале дека по добиените резултати од ДНК анализата, веќе во јануари, ќе започне сослушувањето на сведоците. Според досегашните информации, свои искази ќе дадат првично оние кои што во текот на кобната вечер биле во домот на Крсмановиќ.

Станува збор за родителите на мајката на малечката Елена, бабата Бранка и дедото Јово. Таткото Дарко засега се терети за предизвикување на општа опасност и по сослушувањето е пуштен да се брани од слобода.


Првите резултати од истрагата укажуваа на тоа дека, не предвидувајќи ја опасноста, од чиста љубопитност, братчето на Елена се доближило до оружјето и го притиснало чкрапалото. Одекнал пукот и останатиот куршум во пушката на Дарко ја погодил осумгодишната Елена во главата, па таа починала на самото место на несреќата.

Криминолог: Можни се пропусти

Криминологот Златко Николиќ објаснил дека резултатите од “парафинската ракавица” кои пристигнале во Обвинителството не мора да бидат валидни, па затоа била побарана и дополнителна ДНК анализа.

“Никого не би критикувал, но веројатно станува збор за пропуст при анализата на “парафинската ракавица””, изјавил Николиќ, додавајќи: “Тука, пред се, мислам на фактот дека за разлика од пиштолите, немаат сите ловечки пушки можност за такво распрскување на барутните честички веднаш по испукувањето. Затоа и е возможно никој од тестираните да немал траги од барут на рацете”.

Сепак, соговорникот на ”Novosti” додал: “Постои и можноста, во моментот кога се случила трагедијата, освен жителите на домот и бабата и дедото, уште некој друг да бил на местото на несреќата”. Тоа ќе го утврди истрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi