22 септември, 2019

Радио

Хакирани биле повеќе од 500 објекти во Британија, 4.591 во САД, 2.059 камери во Франција и 1.576 камери во Холандија.

Регулаторното тело за заштита на приватноста ширум светот, ја предупредило јавноста дека постои руска веб страна, на која тече жив пренос од илјадници приватни веб камери и слични уреди од повеќе од 250 држави.

Сајтот емитува слика од различни системи, како што се беби-монитори, приватни веб камери и камери кои се користат во обезбедување на објекти. Канцеларијата на комесарот за информации во Британија, соопштила дека хакерите го искористуваат фактот што уредите немаат заштита или имаат шифри кои лесно се пробиваат.

“Сакам Русите веднаш да ја затворат оваа веб страна”, рекол британскиот комесар за информации, Кристофер Греам, за BBC. Греам рекол дека првите извештаи за веб страната која била регистрирана на “прекуморска територија под управа на Австралија”, пристигнале од Макао и Хонг Конг, а по нив и од Австралија и Канада. Британија планира “многу брза акција” со Сојузната комисија за трговија, американска агенција за заштита на потрошувачите, за веб страната да престане да работи, рекол Греам.

Во Британија, според податоците на “ICO”, околу 500 објекти се нашле на мета на хакерите, вклучувајќи една теретана во Манчестер, куќа во Бирмингем и канцеларија во Лестер.

На веб страната се хакирани и 4.591 во САД, 2.059 камери во Франција и 1.576 камери во Холандија, пренесува AFP.

Американската мрежа ABC известила за еден брачен пар од Хјустон, чија 2-годишна ќерка била мета на вербален напад на хакер, преку беби-монитор од кинескиот произведувач “Foscam”, кој се наоѓал во спалната соба на девојчето. Парот бил потресен кога слушнал глас кој доаѓал од камерата.

Препродавачот на овие камери во Британија соопштил дека неговата намера е да ги контактира сите потрошувачи, за да ги потсети на “да стават шифри на своите камери”.

Греам рекол дека овие уреди “се одлични доколку сакате да проверите дали вашето дете е во ред”, но дека секој може да пристапи доколку уредот не е заштитен.

“Доколку ја цените својата приватност, ставете основна безбедносна шифра”, додал тој.

 

 

Остави коментар

Почетна // вести // Руски портал пренесува илјадници приватни камери од 250 земји
Горе