Што би можеле да очекуваме во следните 365 дена на светската политичка сцена

31 декември, 20140
10
Со оглед на тоа што полека ги одбројуваме последните часови од една бурна година, барем кога станува збор за политиката, интересно е да видиме и што би можеле да очекуваме во следните 365 дена.

Имено, годината која што полека изминува донесе многубројни потреси и изненадувачки настани на геополитичката сцена.

Така, ретко кој можеше да ја предвиди украинската криза, припојувањето на Крим кон Русија, создавањето на Исламската држава, мистериозното исчезнување на авионите, епидемијата од ебола, бранот на расни немири во САД и сите останати настани кои што ја одбележаа 2014 година.


Токму и затоа предвидувањето на настаните и ситуациите во претстојната 2015 година не претставуваат едноставна задача, но во продолжение дознајте кои настани се се поизвесни дека ќе се случат во следните 365 дена.

1. Исламската држава ќе ја загуби контролата над Мосул

Геополитичкиот аналитичар Армин Росен предвидел дека САД ќе продолжи со зголемувањето на притисокот на Исламската држава. Тој истаканл дека Американците, со помошна Ирак, Иран и Курдите, би можеле да изведат силен удар на градот Мосул кон средината на следната година, што во голема мера ќе им наштети на џихадистите, но сепак нема да ги уништи.


2. Хаос на изборите во Израел

Подмладената Работничка партија би можела да освои мнозинство, но не и да формира влада, благодарение на радикалните и партиите на центарот, кои ќе одбијат да стапат во заедничка коалиција. Во меѓувреме, Гидеон Са’ар веројатно нема да успее да го смени Нетанијах, па на тој начин, сегашниот премиер на Израел би можел да го започне својот трет мандат, но со значително послаба политичка позиција.


Токму и затоа се претпоставува дека тој ќе создаде сојуз со Работничката партија, а најголеми шанси да го заземе местото на министер за надворешни работи би можел да биде еден од членовите на оваа партија, Ципи Ливни.

3. Тензиите помеѓу Турција и Грција ќе кулминираат

Во 2015 година би можело да дојде до заострување на конфликтот помеѓу Грција и Турција околу спорните наоѓалишта на гас во Егејското море. Доколку тоа се случи, водите северно од Кипар ќе станат дел од милитаризираната зона во пресметката помеѓу два НАТО сојузници.


Можната ескалација на конфликтот ќе ја исклучи секоја можност за изградба на терминал со подводен гас на Кипар или гасовод во североисточниот Медитеран. Од сето ова најголем профит ќе има Русија, затоа што без изградбата на овие гасоводи, зависноста од рускиот гас станува се поголема.

4. Без договор за нуклеарно вооружување помеѓу САД и Иран

Мала е веројатноста дека следната година ќе биде постигнат конечен договор за нуклеарното вооружување помеѓу Иран и САД. Се предвидува дека Ајатолах Али Хамнеј нема да ги прифати американските барања, што ќе биде втор пат Обама да не успее во своите обиди да постигне договор со Иран.


Наместо тоа, тој ќе се фокусира на “полесни” зафати, како што е повторното поврзување со Куба, која би требало да биде негова дестинација за посета во септември, на почетокот на карипската туристичка сезона.

5. Гладот ќе ги погоди конфликтните зони во Јужен Судан

Застојот во мировните преговори, падот на производството на нафтата, како и санкциите кои, судејќи по се, ќе ги воведат САД и ЕУ, ќе ја постават владата на најмладата светска држава во најнепријатната положба од нејзиното основање, во 2011 година.


По прекинувањето на досегашните линии за снабдување и поскапувањето на цената на храната, источна Африка ќе доживее нова хуманитарна катастрофа предизвикана од гладот, дури и поголема од онаа која што се случила в Сомалија пред три години.

6. Здравјето на претседателот на Алжир е се понестабилно

Долгогодишниот претседател на Алжир се соочува со сериозни здравствени проблеми и тој одвај се појавува во јавноста, откако повторно бил избран за претседател на изборите во април минатата година.


Се предвидува дека смртта на Бутелфикин, доколку се случи во 2015 година, нема да промени многу нешта на државната политичка сцена, со оглед на тоа што социјалистичката влада со која управува војската успешно го изолираше Алжир од хаосот кој се случува во соседните Либија и Мали.

7. Неуспех на планот на Путин за Евроазиската царинска унија

Со оглед на големите удари кои што ја доживеа руската рубња, се очекува дека Ерменија ќе го одложи својот пристап во Евроазиската царинска унија. Во тој случај, САД ќе ја искористи приликата да се поврзе со Белорусија и традиционалниот руски сојузник ќе се обиде да го наведе да “промени страната”.


Војната во Украина ќе продолжи и во 2015 година, а Евроазиската царинска унија најверојатно ќе доживее колапс, предвидува Росен.

8. Напредок на Авганистан

Мирното предавање на моќта во рацете на новоизбраниот претседател Ашраф Гани, како и повлекувањето на 10.000 американски војници, со организираната борба против талибанците, ќе претставува спречување на одредени тензии кои можеби беа очекувани на подрачјето на Авганистан по повлекувањето на силите на НАТО.


9. ИСИС ќе еволуира во формат на организација како Ал Каеда

Аналитичарот Џереми Бендер предвидел дека Исламската држава губи дел по дел од територијата на Средниот исток, но истовремено ќе се фокусира на терористичките напади во странство, како што тоа го прави Ал Каеда.


10. Повторни интервенции во Либија

Членките на НАТО ќе бидат приморани повторно да интервенираат во Либија, каде што влијанието на Исламската држава станува се поголемо. Се очекува целосен колапс на централната власт, присуството на две спротивставени влади, голем број на милитантни групи на чие што чело генералите ќе го наведат Западот повторно да интервенира во Либија.


Египет и Обединетите Арапски Емирати веќе извеле неколку воздушни напади на исламистите во Либија, а со оглед на тоа што нестабилната ситуација се заканува да го загрози мирот во околните држави, прашање на време е само кога НАТО и ЕУ повторно ќе интервенира.

11. Продлабочување на конфликтот помеѓу Русија и САД

На сите им е јасно дека Русија и САД водат нова Студена војна, започната со украинската криза. Кризата се продлабочи, секако, со реакцијата на Русија, која што го присвои полуостровот Крим, како една од стратешки најважните поморски точки.


Рушењето на авионот на ”Malaysia Airlines 370”, за кое Американците ги обвинија проруските сили, додека Кремљ по истрагата дојде до заклучокот дека авионот го срушиле Украинци, дополнително ги зголеми тензиите во и онака веќе затегнатите односи. Затоа, Студената војна не само што ќе продолжи, туку и ќе добие на интензитет во 2015 година.

12. САД и Турција создаваат “тампон зона” во Сирија, мета е ИСИС

Францускиот политички аналитичар Пјер Бенам истакнал дека Обама, во последните години од својот мандат, ќе се обиде заедно со Турција да воспостави контрола над одредени делови во Сирија, се со цел да се неутрализира Исламската држава и опасноста која потекнува од неа.


Создавањето на тампон зона, во која се наоѓаат ирачките специјални сили, како и воспоставувањето на зона за забрана на летови од страна на Турција, која како и САД, се декларира како голем противник на ИСИС, но и на актуелниот сириски претседател Башар ал Асад, на Американците ќе им понуди сојузник со кој би можеле да ја елиминираат терористичката организација ИСИС, но и претседателот ал Асад, кого претходно безуспешно се обидоа да го тргнат од претседателската функција со аферата за наводна употреба на хемиско оружје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi