Сведоштво на босанската робинка на Аркан: Ме силуваа со месеци, гасеа цигари по моите гениталии…

19 ноември, 20140
arkan
Траумите кои ги имала во 1992-та година од рацете на злосторниците ја следат целиот живот.

“Нема зборови со кои може да се опише сета болка, сето понижување и стравот кој го чувствувам од тие луѓе. Ако се воопшто луѓе. Прв, втор, трет…Се редеа и ги задоволуваа своите паганско-дивјачки нагони, иако токму тогаш се породив…Ме силуваа најпрво во мојот дом, пред децата. Имав само 20 години кога започна мојот пекол”, ја започнува својата страшна приказна Босанката М.М од Бијелине

Траумите кои ги имала во 1992-та година од рацете на злосторниците ја следат целиот живот. Нејзиното сведоштво е едно од најстрашните и ќе биде споменато на меѓународната конференција која денес треба да се одржи во Сараево.

Според нејзините зборови, најголеми злосторства вршеле резервистите кои дошле од Србија, а со кои командувал злосторникот Жељко Ражњатовиќ Аркан.

“Живеев со свекрвата, сопругот и двете деца. На почетокот на април 1992-та година во нашиот дом влегоа неколку “аркановци” со бради и шубари на главите. Го удрија мојот сопруг, изгуби свест, а потоа и мене. Се разбудив целата во крв. Лежев немоќна, претепана, силувана, измачена и понижена”.

Мислела дека тоа е најлошото што може да се случи. Меѓутоа, ужасот тогаш почнал…

“Ме силуваа различни луѓе со денови, сè додека не се онесвестев. Сопругот повеќе не го видов. Шест месеци ме водеа кај Аркан, бев негова робинка. Се изживуваше над мене додека не се онесвестам од немоќ, а потоа ме препушташе на другите. Еден ден ми ја откорна цела коса. Ја моташе мојата коса со својата рака, и корнеше додека не останав ќелава. Ми ја сечеше и дојката со бајонет”, вели Босанката М.М од Билјелине.

Ја воделе и кон линијата кон Орашје. Таму војниците ја силувале и ѝ правеле работи кои тешко може да се замислат.

“Не беше само силувањето. Ме тепаа и сечеа по телото. Секаде имам лузни, гасеа цигари по моите гениталии. Сакам тоа да го заборавам, но не можам. Лузните по вратот, по рацете, по целото тело, секој ден ме потсетуваат на тоа”, наведува таа.

Нејзината голгота, вели таа, траела до 18-ти април 1993-тата година, кога ја спасил нејзиниот сосед-Србин, пријател на нејзините родители, откупувајќи ја за 5.600 германски марки.

“Заминав во Тузла, каде што не сместија во камп за бегалци. На 21 година бев потполно седа, скршена, посебно кога лекарот ми кажа дека сум бремена. Не сакав да го родам тоа дете, не можев”, низ солзи наведува оваа несреќна жена.

“Не ми е лесно да зборувам. Денес сум инвалид. Не можам да најдам работа. Живеам во Сараево со сопругот, кој не работи. Редовно одам на психотерапија. Во војната изгубив 39 членови на семејството. Три пати сакав да извршам самоубиство. Среќна ме прават само моите деца, тие се среќни што ме имаат”.

На споменатата конференција во Сараево ќе присуствуваат повеќе од 300 лица, а протоколот е дел од иницијативата која ја започнале министерот за надворешни работи на Британија, Вилијам Хејг и актерката и режисерка Анџелина Џоли.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *