Ја каменувале за да ја одбранат честа на семејството!

28 мај, 20140
pakistansko-semejstvo-4247cbbb

Фарзана Икбал чекал да се отвори Високиот суд во Лахоре кога пристигнала група од десетина мажи и ја нападнале со цигли и камења, изјавил еден локален полициски службеник пренесува Reuters. Меѓу напаѓачите биле нејзиниот татко, браќата и поранешниот вереник. Икбал добила тешки повреди на главата и починала во болница.

Сите напаѓачи се разбегале, освен нејзиниот татко кој го признал убиството и објаснил дека станува збор за прашање на семејната чест.

Икбал била верена за роднина, но се омажила за друг маж што нејзиното семејство го пријавило како грабнување. Младата жена дошла на пред судот да сведочи дека се омажила по сопствена волја, и дека не станува збор за грабнување.

Секоја година околу илјади жени во Пакистан гинат од рацете на членовите на нивните семејства во ткн злосторства од чест, се наведува во извештајот на групата за човекови права Aurat. Меѓутоа, се тврди дека вистинските бројки се многу поголеми, бидејќи ваквите извештаи се темелат само на новински извештаи, додека владата во Исламабад не води национална статистика за овој проблем.

Злосторствата од чест ги извршуваат главно членови на семејството, а доколку и бидат осудени, најчесто излегуваат од затвор, бидејќи пакистанскиот закон им дозволува на семејствата на жртвата да му простат на сторителот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *