Малезискиот исчезнат авион баран на погрешно место!

29 мај, 20140
prijatel-na-pilotot-na-ischeznatiot-maleziski-avion-zakarij-ne-beshe-vo-sostojba-da-leta-177690

Австралискиот Здружен центар за координација на агенции наведе дека потрагата во таа зона со помош на мини-подморници сега е завршена. Трагањето со подморници почна во почетокот на април кога се детектирани првите звучни сигнали. Во соопштението на Центарот се наведува дека австралиската Канцеларија за безбедност на сообраќајот објави препорака тоа подрачје сега да се отфрли како место на падот на MH370.

 Австралискиот брод „Океански штит“, кој ја носи американската мини-подморница ја напушти зоната на потрага по пребарување на 850 квадратни километри на океанот во потрага по исчезнатите во авионот со 239 патници и членови на екипажот. Центарот прецизираше дека операцијата за трагање по авионот сега ќе влезе во нова фаза во која ќе биде вклучена софистицирана опрема за да се скенира океанското дно и да се дефинира зоната на потрага.

 Авионот MH370 исчезна на 8 март на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi