Почина вереницата на Спок од Звездени Патеки

15 август, 20140
Pocina verenicata na spok

Американската актерка Арлин Мартел, најпозната по улогата на вереница на господарот Спок во познатата американска серија Звездени Патеки почина во Калифорнија во својата 78 година од животот.

Иако подоцна играла во бројни ТВ серијали, како Bewitched и Зона на самракот ќе остане како запаметена како убавата вулканка Т’Принг.

Како што пренесува ББЦ, епизодата во која прв пат се појавила емитувана е во септември во 1967 година. Во неа Спок се враќа на неговата планета, Вулкан, како би се спарил со девојка која му била ветена уште како дете.

Мартел била позната и по тоа дека имала долгогодишна врска со холивудската легенда Џејмс Дин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi