Запознајте се со новиот градоначалник на Киев!

26 мај, 20140
60427910

„Можам со сигурност да кажам дека, според нашите информации, Виталиј Кличко е нов градоначалник на Киев”, изјавил во недела вечер Порошенко откако ја објави својата победа на претседателските избори, пренесува агенцијата AFP.

Официјални резултати од изборите за градоначалник на украинската престолнина сé уште не се објавени, но повеќе извори за украинските медиуми наведуваат дека Кличко освоил најмногу гласови.

Милијардерот Порошенко лично му ја честитал победата на Кличко на прес конференција што се одржала вчера вечер.

Кличко (42), боксер од тешка категорија кој стана херој на опозицијата, се откажа од трката за претседател на Украина за да го поддржи Порошенко.

Изборите за градоначалник беа одржани во недела во неколку украински градови заедно со вонредните претседателски избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *