Женската полиција на ИСИС сурово измачува “грешници”

31 декември, 20140
9
“Женската полиција” на Исламската држава неодамна го згрозила светот, откако во јавноста излегла информацијата за измачувањето на жена чиј што единствен “грев” било тоа што на улица го доела своето бебе.

Имено, бригадата Ал Канса, полициска единица чии што членови се исклучиво жени, неодамна искористиле справа за измачување слична како стапиците за мечки, се со цел да ги казнат сите оние кои што ги кршат строгите закони во Рака, односно престолнината на калифатот на Исламската држава.


Така, жена која што доела бебе на улица била уапсена, а џихадистите ја казниле со измачување поради “гревот” кој го направила и тоа на навистина суров начин – ставајќи и на градите стеги со шилци, на тој начин трајно осакатувајќи ја.

Вид на опозициона групација, која делува исклучиво на социјалните мрежи, особено на Твитер, под името ”Raqqa Is Being Slaughtered Silently”, тврди дека 24 годишната девојка претрпела страшни измачувања од страна на бригадата Ал Канса.


Тие ги цитирале зборовите на девојката која ја нарекле Батол, се со цел да го скријат нејзиниот вистински идентитет.

“Бев на плоштадот кога ми пријдоа членките на Ал Канса и ме уапсија затоа што наводно мојата бурка не била според шеријатскиот закон, односно била “малку проѕирна”. Сепак, знам дека ме уапсија поради тоа што го доев својот син на улица. Ме одведоа во станицата во центарот на градот, ме одведоа во ќелијата за измачување и ме прашаа дали сакам да бидам казнета со камшикување или со “стапица””, изјавила Батол.


“Затоа што се плашам од камшикување, а не знаев на каква “стапица” мислат, претпоставував дека тоа секако е поблага казна од удирањето по грбот, па го одбрав тоа. Потоа донесоа остар предмет, кој изгледаше како стапица за мечки, со многу шилци. Дел од нив ме држеа, додека другите со сета сила ми ги стискаа градите. Врескав од болка, бев навистина тешко повредена. Потоа ме оставија во болницата”, гласат зборовите на несреќната девојка кои забрзано се шират по социјалните мрежи.

“Се чувствував како женственоста да ми е целосно уништена. Искрено,размислував за самоубиство, а подоцна дознав и дека голем број на жени се измачувани на овој начин. Тоа е трагично”, го завршила Битол својот исказ.


Судбината на несреќната Битол ја пренеле сите странски медиуми, а британските медиуми особено и посветиле внимание, потсетувајќи на претходните злосторства кои што ги направиле џихадистите, споредувајќи ги истите со најстрашните грозотии кои датираат од времето на Втората светска војна.

Иако можеби ваквите споредби се делумно претерување, имајќи го во предвид конфликтот помеѓу Западот и Исламската држава, она што е сигурно е фактот дека ваквите примери за ѕверско измачување ја заслужуваат секоја осуда.

 

https://www.youtube.com/watch?v=1TkuAIKoI28

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi