Зошто Оназис ги подметнал папарацо фотките на голата Џеки Кенеди?
Џеки Кенеди доживеа скандал од светски размери пред 42 години, кога разголените фотографии на некогашната прва дама на Америка, излегоа во јавноста. Во новата книга за ова семејство се тврди дека нив на медиумите им ги подметнал, ни помалку, туку нејзиниот сопруг Аристотел Оназис.
Џеки по смртта на Кенеди се омажи за грчкиот тајкун Аристотел Оназис, кој се потруди да ја извалка честа на иконата на стилот во шеесетите години на дваесетиот век.
По додворувањето со различни подароци и љубовни изјави, грчкиот богаташ успеа да ја освои Џеки и тие двајца се венчаа во 1968 година. Но во текот на тубулентниот 4 годишен брак, Аристотел не криеше дека е во врска со оперската пејачка Марија Калас.
Медиумите Марија ја нарекувале негова „вистинска жена“. Аристотел наводно своите силни врски во медиумите ги искористил за да и го наруши угледот на својата сопруга.
Ова откритие го пишува авторот Кристофер Андерсон, кој наскоро во својата нова книга „The Good Son: JFK Jr. and the Mother He Loved“ ќе истакне и многу други тајни за ова семејство.
Книгата го опишува животот на синот на Џеки кој вели дека Аристотел ја злоупотребувал Џеки и редовно за неа зборувал како за „вдовица“. Меѓутоа моментот кој во целост го уништи нивниот однос се случил во 1972 година. Уморен од тоа што Џеки секогаш го обвинувала дека поради него медиумите ја нарушуваат нејзината приватност, грчкиот богаташ реши да и се одмазди на својата жена.
Тој на фотографите им посочил точно време и локација каде ќе да ја најдат „вдовицата“ на плажите на островот Скорпиос. Фотографите својата работа си ја завршиле одлично и веднаш другиот ден во весниците се појавиле голи фотографии од вдовицата на Кенеди.
Џеки поради фотографиите го доби прекарот „грмушка од милион долари“.
Ова бил последниот удар пред нивниот развод, иако 4 годишниот брак од самиот почеток во целост бил дисфункционален.