15 ноември, 2019

Радио

Се верува дека бенките се знаци кои се многу тесно поврзани со човечкиот карактер и неговата судбина. За да појасниме треба да кажеме дека станува збор за бенки од раѓање или оние кои се појавиле во раното детство. Во зависност од нивната местоположба можете да извлечете полезна информација или да направите една обемна анализа за карактерот на личноста и судбината.

Бенки по лицето

Ако бенката е на челото, образите или носот тоа значи дека се работи  за мудар човек со остар ум. Овие луѓе се секогаш едно ниво над другите, побрзо мисловно асимилираат и имаат завидна интелигенција.

Ако бенката е оклу устата или брадичката, тоа значи дека најубавите денови од животот ги очекуваат после 40-та година. Покасно ќе ја сретнат љубовта и покасно ќе создадат семејство.

Доколку имате повеќе бенки по лицето вие сте вистински среќници. Животот ќе ви биде динамичен и среќата ќе биде основен печат на вашата судбина.

Бенки по рацете и нозете

Бенките по рацете, рамената и дланките се знак дека личноста е многу емотивна. За вас љубовта е на прво место и би направиле се во нејзино име. Тешко поднесувате предавство и лага. Но често ќе ви се наложува, бидејќи вашата судбина е да носите среќа и хармонија на другите.

Бенките по нозете и стопалата зборуваат за оптимистична и весела природа. Таквите луѓе често го менуваат правецот во својот живот но секогаш се со насмевка и добронамерни.

Ако имате бенка на долниот дел од ногата треба да знаете дека шансите да станете позната личност се големи. Нема да згрешите ако почнете да се занимавате со спорт, шоу бизнис, политика, уметност…Вие сте интересни и екстравагантни но најверојатно одамна сте го забележале тоа.

Бенки по стомакот и грбот

Бенките по стомакот се типични за луѓе склони кон зависност. Дали ќе е тоа саканиот човек, секс или алкохол. Овие луѓе треба да се многу внимателни бидејќи бурните чувства знаат да бидат опасни. Но ако го знаете ова и ја насочите целата таа емоционална енергија кон нешто продуктивно, таа ќе ви се заблагодари со огромен успех.

Бенките по грбот се знак дека сте организирана и воздржана личност, која знае како да се грижи за себе. Таа воздржаност понекогаш работи во ваша штета зошто трупате емоции кои избувнуваат баш тогаш кога не треба. Но како целина вие си тежите на местото и луѓето ве почитуваат.

Бенки по градите и интимните делови

Луѓето со бенки по градите се умни, со силна интуиција и со специјална мисија во животот. Тие се родени лидери и кога се помеѓу луѓе секогаш се издвојуваат. Нивната специјалност често пати предизвикува завист но тие знаат како да се справат со човечката злоба. Се ќе им се подредува како што треба ако почесто ја слушаат интуицијата.

Бенките по интимните делови зборуваат за многу силен карактер кој се стреми секогаш кон најдоброто. Тоа е мачно зошто овие луѓе ретко чувствуваат вистинско задоволство обземени од манијата кон совршенство. Судбината не им е лесна но ако научат добро да ги избираат луѓето во својот живот се ќе биде во ред.

Следи го постот

  1. Бенките ја одредуваат нашата судбина!? – Offnet Final

Остави коментар

Почетна // Забава // Интересно // Бенките ја одредуваат нашата судбина!?
Горе