На лото добил 72 милиони евра а ќе донира 50 милиони!
30 мај, 20140
Како што јави национално радио РТЛ, среќниот добитник е на возраст од педесетина години, нема деца и самиот не се соочува со финансиски проблеми. Добитникот според неговата желба и понатаму останува анонимен.
Француската лотарија потврдува дека не се памети во нејзината историја еден среќен добитник на лотарија да оддели толку голема сума за добротворни цели. Според лотаријата, самиот добитник ќе следи на кој начин даруваните фондови ќе бидат искористени.