Хајди Клум уште еднаш покажа дека нема никаков проблем со јавното разголување!

29 декември, 20140
9
Додека овие краишта, вклучувајќи ја и нејзината родна Германија, се оковани во мраз и снег, светскиот топ модел одлучи да ужива под топлите сончеви зраци во престижното одморалиште.

Имено, славната четириесет и едногодишна манекенка и светски топ модел Хајди Клум уште еднаш покажала дека нема никаков проблем со јавното разголување, одново потсетувајќи дека кога имате такво тело, очигледно истото сакате и да му го покажете на светот.

 

 


Така, Клум уживала во топлите сончеви зраци, “работејќи” на својот тен во топлес издание, па на папараците во Сент Бартс таа им оставила “полни раце работа”. На краткиот одмор Клум ужива во друштвото на својот 13 години помлад партнер Вито Шнабел, со кого очигледно пронашла среќа во љубовта.

Љубовната врска на Клум и Шнабел започна кон почетокот на оваа година, а тој досега се појави со неа на Филмскиот фестивал во Кан, како и на други бројни гламурозни настани.

 

 


Иако на почетокот во медиумите често можеа да се сретнат информациите за тоа дека Вито сака само да ја искористи нејзината слава и богатство, очигледно нивната врска функционира сосема добро.

Така, во изминатите неколку дена парот уживал во одморот во луксузното одморалиште Сент Бартс, а папараците таму го овековечиле и топлес изданието на мајката на четири деца, која што уште еднаш потсетила дека и покрај раѓањето и возраста, таа се уште изгледа беспрекорно.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *