И пркоси на гравитацијата: Даниел Кајмакоски лебди во воздух!
18 февруари, 20140
Даниел Кајмакоски се подготвува за новата лајв емисија на Икс Фактор, додуша на малку атипичен начин. Младиот пејач поставил на својата Фејсбук страница фотографии каде се гледа како во Белград демонстрира вештина наречена street workout и малтене лебди во воздух.
Даниел денес со останатите финалисти ќе се натпреварува во новата епизода на шоуто Икс Фактор каде ќе испадне еден од учесниците. Што ќе пее Даниел и како ќе се претстави ќе дознаеме вечерва.