Вака изгледа Џоди Фостер надвор од црвениот тепих
31 октомври, 20140
Актерката која наскоро ќе наполни 52 години, очигледно не се грижи за тоа како изгледа надвор од црвениот тепих.
Џоди Фостер има богата кариера, многубројни гламурозни појавувања и драматични улоги со кои го освои светот. Но, и понатаму не е опседната со својот изглед.
На улиците на Њујорк оваа добитничка на 2 Оскари беше фотографирана без шминка, во непрепознатливо издание.
Таа не сака често да се појавува во јавноста, ниту да го дели приватниот живот со целиот свет. Можеби затоа изгледа како секоја обична жена во 6-та декада од животот.
За споредба, еве како Џоди Фостер изгледа на црвениот тепих: