Како да пиете, а да не се опијаните?

31 декември, 20140
3

До Нова година не делат само неколку часа, а со тоа сè поблиску се прославите со кои планирате сите да ја испратите.

Веројатно нема да сакате да ги извисите пријателите и цела ноќ да пиете сок и вода, но нема ни да сакате да ја дочекате 2015-та во тоалет или кревет додека ви се врти.

За да испиете малку повеќе, а да останете стабилни и на нозе, послужете се со овие трикови:

1. Не мешајте повеќе алкохоли

Прво и основно правило кое го знаете уште од средно е да не ги мешате пијалаците. Затоа пред да се опиете, добро утврдете што ќе пиете во текот на вечерта и проверете дали има доволно за да не мора да преминувате на нешто друго.

2. Одморете го црниот дроб

Црниот дроб може да преработи само мала количина алкохол во одреден временски период. Така, за 1 час може да преработи само мало пиво, 0.33dl жесток пијалак или 1 чаша вино. Затоа кренете рачна. Искусните кои маратонски пијат алкохол имаат една тактика – на почетокот пијат само 2 пијачки, а потоа само по 1 на секој час.

3. Јадете мрсно

Пијанството е всушност последица од испарувањето на алкохолот од нашето тело. Сите знаеме дека мастите пливаат по водата, па така со консумирањето на мрсна храна може да поставите препрека на пијанството.

4. Пијте минерална вода

Минералната вода содржи јаглерод диоксид кој не заштитува од алкохолните испарувања кои ни го матат мозокот. На тој начин, можете дури да го преполовите дејството на алкохолот.


Совет на годината

Еден од основачите на компанијата „ Boston Beer “ ја откри својата тајна како успева да испие повеќе од сите, а да остане стабилен. Тајната е во обичниот квасец.

Пред секоја пијанка тој јадел по 1 лажица активен квацес за секоја чашка која планира да ја испие. Ако ви е полесно, квасецот може да го разредите во јогурт.

Квасецот го разградува алкохолот во организмот, така што не стигнува да испари и да ве удри во глава кога најмалку очекувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *