Намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер

30 април, 20140
12

Намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер:

Домати, диња, лубеница

Траат подолго, но со текот на времето омекнуваат и стануваат водести. Ставете ги во фрижидер само ако се исечени и исчистени.

Компир

Студеното не му пречи, но не е ниту најпогодно, бидејќи при готвењето може да има некој благ вкус.

Лук и кромид

Испуштаат непријатен мирис и како доматите стануваат меки и брзо скапуваат.

Ананас, авокадо и киви

Надвор од фрижидерот го завршуваат процесот на созревање и стануваат послатки и посочни.

Банана

Во фрижидерот кората побрзо потемнува, а останата храна ќе го поприми нејзиниот мирис.

Праски, крушки, лимон, лимета или ѓумбир

Во фрижидерот траат подолго, но надвор од него поубаво созреваат и остануваат посочни.

Намирници кои мора да ги чувате во фрижидер:

– Зелена салата

– Слива

– Целер

– Тиквички

– Грозје

– Брокула

– Шумско овошје

– Цреши

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi