Љубовта се изразува најпрво со дела, а потоа со зборови!

30 април, 20140

Секој може да каже “те сакам“ но да докаже е потешко нели? Зборовите се само продолжение на делата со кои ја докажуваме љубовта…

Тука не станува збор само за љубовта кон вашата девојка или момче, туку и кон пријателите и семејството.

– Секогаш наоѓајте време за оние кои ги сакате, само оние кои не сакаат смислуваат изговори, останатите го „создаваат” слободното време.

– Секогаш сослушајте што имаат да ви кажат вашите сакани, на тој начин им докажувате колку ги цените и почитувате.

– Не штедете на бакнежи и прегратки. Зошто да трошите зборови, кога една прегратка е замена за илјадници зборови?

– Згответе нешто вкусно или подарете им нешто што одамна го посакувале без никаква причина и повод.

– Најважно од сѐ, никогаш немојте да им судите на оние кои ги сакате. Подржувајте ги без разлика дали ви се допаѓа нивната идеја или не. Вашите најблиски се надеваат на вашата неизмерна поддршка и несебична љубов, затоа помогнете им да ги остварат своите соништа.

– Најдете најразлични начини за да ја докажете вашата љубов кон оние кои навистина ви значат во животот, а зборовите ќе бидат јаготка на шлагот. Не се сомневајте дека тој колач ќе има одличен и незаменливо сладок вкус.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *