Најсурови раскинувања: Машки признанија

31 декември, 20140
1

Изигран
” Мојата девојка и јас, пред неколку години одлучивме да работиме на странски бродови. Таа отиде на еден брод , јас на друг. Во прашање беше силна врска од шест години и јас не се сомневав во нашите односи . Комуникацијата ни беше преку е-мејл. Со времето стануваше се постудена. Повеќе ништо не пишуваше за себе. Не знаев што се случува , но верував дека кризата ќе помине. Еден понеделник таа ми испрати порака дека е свршена за еден странец со кого работела. На крајот тој ја оставил штом завршил нејзиниот договор. ”

– Дејан (30)

Во заблуда
“Девојката ме остави два дена пред да замине на одмор. Таа ми објасни дека морето е одличен начин за да се каже збогум и да се стави крај на нашата долгогодишна врска. Јас мислев дека се шегува , и дека се ќе се промени по добар секс на плажа и романтична вечера. Направив се што можев , за да ја задржам. Но, кога се вративме дома, таа само рече , тоа е тоа. ”

– Глигориј ( 25 )

Изненаден
“По двегодишна врска мојата девојка почна да работи во една компанија во Романија. Неколку месеци се функционираше многу добро. Се гледавме за време на викендите, празниците, а и сексот беше подобар. Не се расправавме. А потоа една ноќ на Фејсбук таа објави дека, е во врска со некој друг , потполно непознат лик. За малку што не се срушив. Кога ја прашав што се случува , таа едноставно ме избриша од ФЕЈСБУК. ”

– Стефан (26)

Искулиран
“Се гледав со една девојка речиси еден месец. Многу ми се допаѓаше. Една ноќ , случајно бевме во ист клуб. Бев навистина среќен кога ја видов, отидов до неа. Меѓутоа, како што доаѓав до неа, таа се одалечуваше … за по едно време да исчезне. И се јавував и испратив пораки во ноќта. Никогаш не ми одговори. Дури и до денес јас не разбирав што се случи во нејзината глава. ”

– Горан ( 22 )

Изневерување
“Шанкер сум во еден популарен ноќен клуб, во кој мојата девојка често доаѓаше со пријателите. Таа кобна вечер дојде со некој лик, застана на шанкот спротивно и почна да се бакнува со него. Цело време гледаше во мене. Не верував на сопствените очи! Замолив еден колега да ме замени, но толку бев шокиран движејќи се кон нив во толпата, што нив ги снема. Сепак, стигна порака: Секоја чест швалеру, сега сме квит! Таа мислеше дека сум ја изневерил. ”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi