Неколку совети за подобра ерекција!

31 јануари, 20140
weak-erection-causes

Ослободете се од стресот

Ако секојдневно сте под стрес, прекувремена работа, нервози поради испити, работа или слично, големи се шансите да не можете да постигнете добра и цврста ерекција. Затоа, веднаш треба да се фатите за работа, односно да научите да се ослободувате од стресот на долгорочен и краткорочен план.

Кога зборуваме за ослободување од стресот на краткорочен план, мислиме на опуштање пред самиот секс. Тоа значи заборавање на брзиот секс, долга и страсна предигра на места кои се предизвик за Вас и Вашиот партнер. За да се ослободите од стресот на долгорочен план, следете ги сите совети кои ќе ги споменеме подолу.

Консумирање на здрава храна

Консумацијата на здрава храна е услов број еден за добра и цврста ерекција. Секојдневното внесување на храна богата со витамини и минерали, особено со витамин Е, цинк и селен, е услов број еден за одржување на добра полова способност кај мажите. Храна богата со овие сосотјќи која треба секојдневно да ја внесуваме е бадеми, кикирики, риби и сл.

Секојдневна физичка активност

Дали ви претставува потешкотија да правите 10 склекови и 10 стомачни дневно? Секако дека не. Но, зошто тогаш не го правите тоа? Научниците направиле многу истражувања во врска со влијанието на физичката активност врз сексуалниот живот на луѓето, и добиле многубројни докази кои потврдуваат дека што поголема физичка активност тоа поголема сексуална моќ.

Секојдневно консумирајте црвено вино

Бројни истражувања покажале дека, секојдневното користење на 150 мл црвено вино и исто толку пред сексуалниот однос, значително влијае врз подобрување на ерекцијата кај мажите. Црвеното вино ја подобрува циркулацијата, а со тоа и цврстината на ерекцијата. Освен ова, консумацијата на црвеното во мали количини го штити срцето и крвните садови.

Оставете го пушењето

За ова не треба многу да ви објаснуваме. За здравјето на целото тело, па така и за добрата ерекција, најдобро е воопшто да не пушите цигари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *