Зошто секогаш се лепиме баш за оној поради кој ќе плачеме?

29 декември, 20140
3

Жените понекогаш се многу чудни суштества. Иако знаеме дека најдобро би ни било со добар тип кој нема да не изневери на било кој начин, некако секогаш се лепиме баш за оној поради кој ќе плачеме.
Се е тоа дел од школото, но со време доаѓа моментот кога ќе мораме да созрееме и да најдеме некој кој не е лош за нас. Ви претставуваме типови на мажи кои морате да ги избегнувате.
Повреден тип
Тукушто излегол од врска и сака ти да го тешиш? Супер, ако сакаш да бидеш несреќна уште на почетокот на врската. Повредените мажи имаат потреба од љубов и внимание, но тие за жал не се спремни и да возвратат со љубов и внимание. Овој тип ќе те распарчи, тој ќе се опорави и ќе продолжи понатаму без тебе.
Шармер
Неговите реченици те гаѓаат во срце, а секоја негова порака автоматски изнудува насмевка на твоето лице. Застани и размисли. Јасно е дека мажот во почетокот ќе се труди, но ако ти се чини дека овој има симпатичен одговор на се што ќе кажеш, веројатно се работи за тип кој многу добро знае што прави.
Оној кој се плаши од врска
Тој би се забавувал и се му е супер, но кога ќе треба да се направат планови за следните месеци – се повлекува? Некои мажи едноставно се плашат од врска, што само по себе не е толку лошо, освен ако врската е токму тоа што го бараш од него. Ако е така, бегај додека можеш, бидејќи сигурно ќе те повреди.
Драма крал
Постојат и такви. Знаеме дека претераното драматизирање е карактеристично за дамите, но драма кралевите се понекогаш уште полоши. Љубомора, компликации и константно кукање ќе бидат составен дел од врската па понекогаш ќе имаш чувство дека си во врска со жена или мало дете.
Вечно момче
Симпатично е во филм, но во реалниот живот жените сепак сакаат созреани мажи. Фактот дека тој одбива да порасне со тек на време престанува да изгледа така симпатично, бидејќи овој маж не бара жена, туку уште една мама. Веруваме дека вакво нешто не е во твој интерес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi