Направете домашен шампон за суво миење на вашата коса

31 декември, 20140
12

Ако се уште не сте го пробале,  време е да заштедите време и наместо да станувате половина час пред работа, потрошете само 5 минути за да имате свежа и миризлива коса. Сами направете шампон за суво миење на косата во вид на спреј.

Состојки:

  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 4 лажици вода
  • 1 лажица медицински алкохол
  • 1 мал сад
  • 1 спреј шише
  • неколку капки етерично масло од лаванда, нане или ванилаПодготовка:1. Ставете ги состојки во садот и измешајте ги добро, додека да добиете  млечно бела течност, без грутки.

    2. Истурете ја течноста во спреј шише.

    3. Пред употреба  шишето протресете го добро и испрскајте го коренот на косата, само колку да се натопи, па расчешлајте ја косата.

    4. Со фен исушете ја косата , а ако не сте во брзање, можете да ја оставите сама да се исуши.

    5. Алкохолот и водата ќе испарат,  а брашното ќе ја апсорбира маснотијата од коренот на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *