Со шминка или без неа? Дали мажите повеќе сакаат природна убавина?

30 ноември, 20140
Со шминка или без неа? Дали мажите повеќе сакаат природна убавина?
Мажите повеќе сакаат природна убавина. Мажите повеќе сакаат дотерани девојки кои се разубавуваат. Кој од овие два мита е повистинит? И зошто на жените им е толку неопходна шминката, што мора да ја поправаат по четири пати дневно?

Најновата студија која ја спроведе компанијата „St Ives”, усмерена на производство на козметички препарати, покажа дека секоја втора жена нанесува и ја поправа шминката во просек четири пати дневно, а дека 67% од жените само два пати месечно излегуваат од дома без шминка.

Резултатите од студијата се добиени за потребите на кампањата која ја спроведува „St Ives”, со која сакаат да ги освестат жените кои носат премногу шминка и да ја промовираат природната убавина.

Резултатите од анкетата покажале дека дури 40% од жените нанесува повеќе шминка од потребното. Интересно е дека во анкетата учествувале 1.000 жени, но и 550 мажи, од кои 45% навеле дека на жената најмногу ги одбива токму прекумерното шминкање и дотерување. Секој трет испитаник како главен мотив за одбивање го навел лошиот тен, додека 5% од испитаниците се одлучиле дека главен виновник е силниот кармин.

Од друга страна, секоја втора жена признала дека се чувствува подобро барем со малку нанесена шминка, а 17% од испитаничките признале дека би го прекинале или откажале состанокот кога би се испоставило дека со себе немаат шминка.

За оние кои не се љубители на шминката идеален ден би бил недела, бидејќи тогаш 48% од испитаниците одлучуваат да го одморат своето лице. Меѓутоа, во текот на работните денови, ситуацијата е поразлична, па дури 17% од испитаниците ја поправаат својата шминка штом ќе стигнат на работа.

httpv://www.youtube.com/watch?v=hZAM0YNBvhI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi