Затегната кожа без целулит: Направете сами пилинг за тело

31 мај, 20140
001

Сувата и испукана кожа има потреба од соодветна грижа, а таа се крие во само 4 состојки.
Подготовките за кратки панталони и фустани веќе почнаа, а ако планирате наскоро да покажете нешто повеќе кожа, направете ја блескава. На сувата и испукана кожа и е потребна соодветна грижа, а таа се крие во само 4 состојки.
Шеќерот прави пилинг и ги отстранува мртвите клетки од кожата, маслиновото масло ја негува и хидрира кожата, а грепфрутот и мајчина душица делуваат антиинфламаторно, ја затегнуваат кожата и ја прават еластична и мазна. Ние ви носиме рецепт за пилинг на тело кој ја затегнува кожата и ги прикрива целулитот.
Состојки:
1 чаша шеќер
2 – 3 лажици маслиново масло
10 – 15 капки етерично масло од грејпфрут
2 лажици свежа мајчина душица или лаванда
Подготовка:
1.Мајчината душица или лаванда ситно исецкајте ја (како магдонос) и заедно со останатите состојки ставете ја во сад.
2.Сите состојки заедно добро измешајте ги додека состојките не се соединат. Ако смесата останала сува, додадете уште малку маслиново масло.
3.Во текот на туширањето, на влажна кожа нанесете го пилингот и со кружни движења добро тријте го телото, особено на бутовите и задникот.
4.Исплакнете со млака вода.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *