Кога е идеално време да родите?

31 јули, 20140
8

Резултатите на британската анкета покажуваат дека повеќето жени во 26-та година се чувствуваат спремни да станат мајки.

Резултатите на британската анкета, во која учествувале 5,240 трудници и мајки, покажуваат дека 26-тата година е идеална за родителство, односно, повеќето жени, баш во тој период, се чувствуваат спремни за улогата на мајка.

При тоа, анкетираните се изјасниле дека за донесување на оваа важна животна одлука во голема мера влијаат финансиските услуги т.е на бременост се одлучиле откако станале финансиски стабилни.

Истражувањето уште открива дека 41 одсто од девојките на возраст од 18 до 24 години планираат бременост, а жените од 35-44 години сакале да добијат деца порано во животот

Што мислите вие, дали 26-тата година навистина е најдобра за формирање семејство?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *