Што значи витаминот D за нашиот организам!

31 јануари, 20140
vitaminD7

Витаминот Д е генеричко име за 10 стероли со различен степен на антирахитично дејство, од кои најважни се два: ергокалциферол (витамин Д2) и холекалциферол (витамин Д3), кои организмот може да ги синтетизира и да ги активира во кожата со изложување на истата на УВ – зраци.
За лица постари од 60 години доволно е сончање од 15-30 минути двапати неделно за да се обезбеди доволно количество витамин Д. Во староста секогаш постои недостиг на витамин Д. Витаминот Д учествува во одржувањето на нормалното ниво на калциум и фосфор во крвта преку: стимулирање на нормалниот транспорт (апсорбција) на калциум и фосфор во тенкото црево, преку мобилизирање на калциумот кон и од коските (во процесот на калцификација и ресорпција на минералите) и преку контрола на излачувањете на фосфорот преку урината.

Во случај на недостог на витамин Д организмот не може да го користи калциумот. Ванадиумот активно учествува во метаболизмот на витаминот Д, калциумот и фосфорот. Ванадиумот заедно со витаминот Д, калциумот и фосфорот е неопходен во процесот на минерализација на коските и забите (занивно јакнење). Доколку организмот биде најмногу изложен на сонце во месец Јуни, најголемите концентрации од 25-хидрокси на витаминот Д во телото, се наоѓаат во месец август. Значи, потребен е извесен период за синтеза и пополнување на депоата со витамин Д. Од таа причина и најголемиот број фрактури на коските е забележан во периодот февруари – јуни.

Кај карциномот на дебелото црево се забележува недостиг на витамин Д. Канцерот на дебелото црево првенствено настанува во помалку сонлеви предели.
Карцином на кожата превентивно настанува во сончевите предели. Во географските области каде што доминира канцерот на кожата, помалку е застапен канцерот на дебелото црево и обратно. Смогот ја намалува моќта на ултравиолетовите зраци да произведуваат витамин Д. Кога ќе потемни кожата, производството на витаминот Д преку неа престанува.

Земањето витамин Д заедно со витамините А и Ц може да помогне во спречувањето настинки. Помага во асимилирање на витаминот А. Помага во лечењето на коњуктивитис. За апсорбција на витаминот Д се неопходни масти, односно соли на жолчната киселина. Апсорбцијата на витаминот Д ја помагаат: vвитамините А, Ц и Ф, фосфор, калциум, холин и неомицин. Апсорбцијата на витаминот Д ја одмогнуваат: минералните масла и холестираминот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *