Вака изгледа новиот Audi R8

28 февруари, 20150
2

Audi го откри изгледот на втората генерација на моделот R8, суперавтомобилот кој ќе ја доживее својата премиера на автомобилскиот саем во Женева наредната недела.

Германците велат дека новиот R8 е дефиниција на револуционерен дизајн. Новата генерација доби предна маска со едноделна рамка со мрежаста решетка на ладилникот, а од страните се LED фаровите. Опционално, може да се добијат ласерски фарови кои ја зголемуваат видливоста за двојно, на 600 метри. Големите вентилациски отвори на задницата му даваат мускулест изглед на автомобилот, а тука е и задниот спојлер.

Новиот R8 доаѓа со подобрен V10 5.2 литарски FSI атмосферски мотор во две верзии. Моторот во основниот модел испорачува 540 КС при 540 Nm, а оној во Plus моделот развива 610 КС при 560 Nm.

На Audi R8 му с епотребни 3,5 секунди за да забрза од 0 до 100 км/ч, а неговата максимална брзина е 320 км/ч. Потрошувачката на одновниот модел е 11,8 литри на 100 километри, а верзијата Plus троши 12,4 литри на 100 километри.

Двете верзии имаат седумстепен S-tronic менувач со три автоматски модови и мануелна контрола. Силата се пренесува на quattro погон на сите четири тркала. При нормално возење, 10% од силата се распоредува на задните тркала, а кога е потребно, можно е да се пренесе и до 100% од силата на предните тркала.

Втората генерација на Audi R8 ќе се најде во продажба од ова лето. Цената на основниот модел ќе изнесува 165.000 евра, а моделот Plus ќе чини 187.400 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi