Четири секс фантазии по кои тајно лудуваат жените

popara14 септември, 20151min00
8

Сексуалните фантазии се апсолутно нормални и присутни и во машкиот и во женскиот ум. Тие може да се однесуваат на некое искуство од минатото или едноставно да се само тајни фантазии кои никогаш не се случиле, а некои не ни посакуваме да се остварат.

Женските сексуални фантазии за разлика од оние на мажите, сеуште се енигма. И покрај тоа, постојат релевантни докази дека колку и да се различни жените една од друга, голем дел од нивните фантазии се повторуваат. Еве мал дел од мистичниот свет на женските сексуални фантазии:

Совршениот љубовник
Една од најчестите фантазии е секс со привлечен и страстен маж кој знае како да ве запали и кој ќе ве задоволи како никој друг. Во фантазиите тоа може да биде вашиот партнер, непознат странец, пријател, колега или селебрити личност.

Секс со странец
Повеќето жени ја обожаваат идејата да се запознаат со мистериозен секси странец со кого ќе имаат луда интензивна сексуална авантура, а по која никогаш повеќе нема да го видат.

Зошто е тоа примамливо за нив? Жените често се воздржуваат за време на сексуалните односи, а кога се со некој што не го познаваат и кого никогаш повеќе нема да го сретнат, можат целосно да се опуштат и да ја покажат својата дива страна без да се плашат дека ќе бидат осудувани и без да чувствуваат грижа на совеста.

Секс со двајца мажи
Сексот во тројка не е само популарна машка фантазија. Овој секс го сакаат и жените. Како што мажите би сакале да го добиваат целото внимание од две жени, така и жените би сакале да бидат цел на допирите на двајца мажи кои ги обожаваат и посакуваат. Во оваа фантазија најчесто мажите се се заинтересирани само за жената и за нејзиното задоволување.

Доминација

Сексот во којшто едниот партнер е доминантен е во фантазиите на секоја жена. Жените сакаат мажествени мажи во чија прегратка можат да се изгубат. Скоро секоја жена си има помислено на таканареченото безбедно “силување“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag