Најдобри и најлуксузни хотели во Банско
Овој исклучително добро декориран и удобен хотел, се наоѓа на три километри од Разлог и шест километри од Ски ресортот во Банско. Се наоѓа на само 300 метри од Пирин голф теренот. Во него има обезбедено бесплатно користење на надворешен базен, сауна, парна бања и фитнес сала.
Хотелот нуди и игротека, шопинг ареа и ресторан.
Модерната Самсара Спа е перфектното место за опуштање на телото и душата.
Преку улицата од жичарницата во Банско, овој хотел нуди слободен влез во спа центарот, внатрешните и надворешните базени, и ресторан кои нуди искучително вкусни бугарски специјалитети.
Освен базените, има и спа и сауна, парна бања и фитнес соба. Освен тоа, комплексот има и бар со неверојатен поглед од терасата.
13. Winslow Infinity and Spa Aparthotel
Со три згради со заедничка градина, модерно сместување и поглед од терасите кој го зема здивот, Winslow се наоѓа на само 350 метри од ски лифтот.
Секој апартман има комплетно опремена кујна и приватна бања. Во него има и спа и велнес центар, со базен, сауна и парна соба, кои гостите можат бесплатно да ги користат. Освен тоа, има и соба за складирање на скии и игралиште. Се наоѓа на 150 метри од супермаркет и на осум минути од градскиот центар.
12. Premier Luxury Mountain Resort
Premier се наоѓа во подножјето на Пиринските планини, на 700 метри од ски лифтот. Нуди пространи соби со дрвен, планински ентериер.
Главниот ресторан Dionyssos служи интернационална кујна на шведска маса, додека ресторанот Amvrosia à la carte служи современа кујна со голема понуда на вина.
Хотелот нуди и асистенција при планирање на дневните екскурзии и активности на своите гости. Како и другите хотели во Банско, има богата понуда на спа услуги и масажи.
11. Grand Royale Apartment Complex & Spa
На 600 метри од најблиската жичарница, а на 800 метри од центарот на Банско, овој хотел со четири ѕвезди има внатрешен базен, голема спа и фитнес центар.
Огромниот и модерен хотел нуди удобни апартмани, кои се снабдени со секакви уреди и минибар. Сите соби имаат поглед кон величествената Пиринска планина.
Grand Royale имаат широк простор исполнет со лоби и cigar bar, со просторија за пушење и билијард. Ресторанот нуди широка селекција на интернационална кујна.
10. Grand Hotel Bansko – Half Board & All Inclusive
Овој хотел се наоѓа на петминутно возење од ски лифтот. Познат е по Rococo ноќниот клуб и барот во лобито. Има казино со многу машини и маси за рулет. Во ноќниот клуб можете да танцувате и да уживате во егзотичната музика до раните утрински часови.
Ги нуди сите спа услуги, а има и внатрешни и надворешни базени за деца и возрасни.
9. Eagles Nest Aparthotel
На 500 метри од центарот на Банско, Eagles Nest Aparthotel е луксузен комплекс со сауна и спа. Она што е специфично за него е што нуди организирани тури за екстремен велосипедизам, планинарење и скијање. На 10 метри од имотот има голем супермаркет, додека Разлог се наоѓа на шестминутно возење.
Од хотелот можете да изнајмите и велосипед. Автобуската станица се наоѓа на еден километар.
8. Apart Hotel Lucky
Lucky е дом на 2 ресторани, еден класичен и еден италијански, кои нудат разни вкусни специјалитети со оригинални рецепти.
Италијанскиот ресторан е дел од Aqua комплексот на хотелот. Во тој комплекс, гостите имаат базени за возрасни и деца на користење, како и различни можности за забава и анимација.
Спа центарот нуди повеќе третмани и терапии, како ултрасоничен пилинг, RF лифтинг на тело и лице, како и третмани против стареење со продукти од висококвалитетниот француски козметички бренд Academie.
7. Regnum Bansko Aparthotel & SPA
Уживањето во прекрасната локација на подножјето на Пирин и неверојатните панорами е поголемо во уникатно дизајнираниот Regnum. Нуди луксузно уредени апартмани на 400 метри од Gondola лифтот, и на 900 метри од градскиот центар.
После активен ден поминат во скијање и сноубординг, можете да се опуштите во парната бања. Спата е одличен начин да се стоплите за време на зимските денови. Ресторанот нуди традиционална турска кујна.
6. Hotel Perun & Platinum Casino
Лоциран на 650 метри од Gondola ски лифтот во Банско, овој хотел нуди внатрешен и надворешен базен, сауна, турска бања и фитнес цнетар.
Овде се наоѓа и казиното Platinum, како и барот со билијард и пинг понг, и соба за игри.
5. Riverside Boutique
Сместен во близина на Стариот град во Банско, овој хотел нуди спа центар и стилски ресторан со богата селекција на бугарски и европски специјалитети. Нуди бесплатен превоз до главната лифт станица, што е на неколку минути подалеку.
4. Green Life Ski & Spa Resort
Со живописна локација и во близина на заштитениот од УНЕСКО Пирински национален парк во Банско, овој комплекс нуди стилски уредено сместување во две згради.
Освен неверојатните глетки и луксузот, нуди и внатрешен базен, финска сауна, арома сауна и парна бања.
Има многу супермаркети и ресторани близу до апартманите, каде можете да уживате во традиционалната бугарска и интернационална кујна.
3. MPM Hotel Sport
Сместен многу близу до Gondola, MPM Sport Hotel нуди спа центар и внатрешен базен. Има римска бања, парна бања, сауна, надворешна загреана топла бања, како и многу специјализирани третмани за тело и убавина. Во градината има отворен камин и лежалки за сончање.
2. Neon Gondola Lift Apartments
Веднаш до Gondola ски лифтот, Neon Gondola Lift Apartments нуди самопослужувачко сместување. Главната улица за шопинг е на неколку чекори, а на неа можат да се најдат разни продавници, кафулиња и ресторани.
Освен прекрасните спа услуги и базените, нуди и изнајмување на велосипеди и автомобили, а во комплексот има и супермаркет.
Се наоѓа на 1,5 километри од главната автобуска станица во Банско.
1. Kempinski Hotel Grand Arena
Апсолутен победник на листата на Booking.com е Kempinski.
Овој особено голем и луксузен комплекс нуди вистинска планинска атмосфера, со дрвени подови и светли бои. Секоја соба е просторна и има посебен балкон со неверојатен поглед.
Gallery Restaurant нуди гурманска храна, со селекција од германски и баварски оброци, грчки специјалитети и богати мени на десерти. Ресторанот има директен пристап до скијачките стази.
Хотелот на своите посетители им нуди и Vip Ski Pass, кој им обезбедува директен приватен пристап до гондолата.