Хемикалија која предизвикува рак пронајдена во нашата омилена храна!

popara14 јануари, 20151min00
4

Европската агенција за безбедност на храната EFSA потврдиле дека акриламид – хемикалија која се создава во храната, потенцијално претставува ризик фактор за појава на рак. Загрозени се сите возрасни групи, но децата многу повеќе поради тоа што имаат мала телесна маса.
Акриламидот е откриен во кафето, пржените компири, чипсот, крекери, колачи, во крцкавиот леб и во некои детски храни.
До појава на оваа опасна хемикалија доаѓа при пржење на храната и при печење при што се добива кафена боја.
Експертите од агенцијата објаснуваат како акриламидот се конзумира орално после што се апсорбира во дигестивниот тракт и потоа се распространува низ сите органи. Во текот на тој процес се создава глицидамид кој предизвикува генетска мутација, а како последица на тој процес следува формирање на карцином. За сега истражувањето се спроведува врз животни.
Кај луѓето е потврдено дека акриламидот го зголемува ризикот од појава на рак, а во тек се истражувања кои точно ќе одредат која концентрација на таа хемикалија во храната е штетна по нашето здравје.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma