Еве што е лесно во животот, а што тешко….!

18 ноември, 20150
8
  • Лесно е да бидете впишани во нечиј именик. Тешко е да бидете запишани во нечие срце.
  • Лесно е да судите за грешките на другите. Тешко е да ги признаете своите.
  • Лесно е да зборувате без размислување. Тешко е да го задржите јазикот.
  • Лесно е да го повредите оној кој ве сака. Тешко е да ја излечите таа рана.
  • Лесно е некого да повредите. Тешко е да молите за прошка.
  • Лесно е да поставите правила. Тешко е да ги следите истите.
  • Лесно е да славите победа. Тешко е да признаете пораз.
  • Лесно е да сонувате секоја ноќ. Тешко е да го остварите секој сон.
  • Лесно е да се воодушевите на полната Месечина. Тешко е да ја видите и другата страна.
  • Лесно е да уживате во животот секој ден. Тешко е да живеете со вистинските вредности.
  • Лесно е да ветувате. Тешко е да го исполните ветувањето.
  • Лесно е да кажеш „те сакам“. Тешко е да го покажуваш тоа секој ден.
  • Лесно е да направите грешка. Тешко е да учите од грешките.
  • Лесно е да плачете за изгубената љубов. Тешко е да ја задржиш.
  • Лесно е да мислите на подобрување. Тешко е да тргнете во акција.
  • Лесно е да се молите секоја ноќ. Тешко е да го пронајдете Бога во малите работи.
  • Лесно е да примате. Тешко е да давате.
  • Лесно е ова да го прочитате. Тешко е да го примените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *