Големиот закон – Тоа што правиш, тоа ти се враќа

23 април, 20150
12

Кармата претставува еден вид акција, односно еквивалент на Њутновиот закон дека секоај акција мора да има реакција. Така, кармата го означува секое наше делување со кое предизвикуваме некои сили да имаат реакција.

Повратните сили може да бидат модифицирани, променети или спречени, но повеќето луѓе не се во состојба да се неутрализираат.

Никој не може да избега од последиците на своите дела. Игнорирањето не носи никаква корист. За да престанете да се плашите и да почнете да го разбирате светот на кармата и реинкарнацијата, потребно е да ги познавате кармичките правила.

1. Големиот закон – Тоа што правиш, тоа ти се враќа

Ова е по принципот причина – последица. Тоа значи сè што испраќаме во Космосот, тоа ни се враќа. Ако сакаме среќа, мир, пријателство, тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, полни со љубов и пријателски настроени.


2. Закон за креација – Животот не се случува сам од себе, тој бара и наше учество

Ние сме едно со Космосот, однадвор и однатре. Што и да нè опкружува, зборува за нас и за нашата внатрешна состојба. Бидете свои, опкружете се со она што сакате да биде присутно во вашиот живот.


3. Закон на понизност –  Не можете ништо да промените, ако не научите да го прифатите

Она што одбивате да го прифатите и понатаму ќе ве следи. Ако она што го гледате ви е непријатно или некоја личност ја сметате за негативна, тогаш вие самите не сте фокусирани на повисокото ниво на постоење.


4. Закон на развојот – Каде и да одиш ќе бидеш ти

Ние сме тие кои мора да се промениме, а не другите луѓе, опкружувањето и околностите околу нас. Сè што имаме во својот живот сме самите ние и сами над себе треба да воспоставиме контрола над себе. Кога се менуваме однатре, тогаш и во нашиот живот се случуваат промени.


5. Закон за одговорност – Кога ќе се појави нешто лошо во нашиот живот, тогаш значи дека има нешто лошо во самите нас

Ние  сме одраз на она што е околу нас и тоа е наш одраз. Тоа е универзалната вистина. Мора да станеме одговорни за својот живот.


6. Закон за поврзаност – Дури и кога ни се чини дека она што го правиме е безвремено, многу е важно да го направиме како што треба бидејќи сè
е поврзано во Универзумот

Секој чекор води до следен. Мора прво да се почне со едно нешто за на крајот да се заврши целото нешто. И првиот и последниот чекор имаат иста важност, бидејќи и за двата е потребно да се стигне до целта. Минатото, сегашноста и иднината се поврзани.

7. Закон на фокус – Не може да размислувате за две работи истовремено

Кога нашиот фокус е на духовните вредности, тогаш нема да имаме пониски пориви како љубомора и бес.


8. Закон на давање и примање – Ако верувате дека нешто е вистина, тогаш повремено во животот ќе бидете повикувани да демонстрирате одредена вистина

Во тие моменти, она што сметаме дека сме го научиле го покажуваме во пракса.


9. Законот за овде и сега – Доколку премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме присутни овде и сега

Старите мисли, навики, однесувања, соништа… нè спречуваат да имаме нови.


10. Законот за промени – Историјата се повторува додека не ги научиме лекциите кои ни се потребни за да го промениме својот пат

Сите случувања се со некоја цел. Доколку не ги научиме лекциите и не се промениме, ќе ги повторуваме грешките.


11. Законот за трпение и награди – Секоја награда бара барем почетен труд

Наградите кои имаат трајно делување, бараат трпение и постојана работа. Вистинска радост настанува кога го правиме она што треба и оставаме наградата сама да дојде во свое време.


12. Законот на значењето и инспирацијата – Секогаш се возвраќа она што сте го вложиле

Вистинската вредност на некои работи е директен резултат и намера кои се вложени во тоа. Секој личен придонес е истовремено придонес на целината. Делот на кој нема светлина, нема ни влијание на целината. Делата кои во себе содржат љубов, внесуваат живот и ја инспирираат целината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *