16 октомври, 2019

Радио

Ќерката се пожалила дека никако не може да го смири својот сопруг. Мајката и одговорила:

Се може да се среди! Сакам да ми донесеш 3 влакна, но не обични, да бидат од бркови на тигар.

Но мамо! Па тоа е невозможно! – изненадено воскликнала ќерката.

Пробај! Ти си жена! ти се можеш!

Почнала да размислува ќерката, па на крај се досетила. Зела парче месо и отишла во шумата. Седнала и чекала. Тигарот почувствувал мирис на месо, ја лоцирал и се затрчал кон девојката. Девојката го фрлила парчето месо и исплашена почнала да бега.

Следниот ден девојката повторно отишла во шумата со парче месо. Тигарот повторно ја намирисал храната, ја лоцирал, па почнал да и се приближува. Таа пак го фрлила месото и побегнала. Се скрила и набљудувала како тигарот јаде.

Така било и третиот и четвртиот пат…

Петтиот ден, кога ја здогледал како носи месо, тигарот пресреќен почнал да мафта со опашката и девојката почнала без страв да го храни со рака. Така било и следните неколку денови.

Деветиот ден откако го изел парчето месо, тигарот ја потпрел својата глава на нејзиниот скут и заспал. И додека тој блажено спиел, девојката му скинала 3 влакна од брковите и ги дала на својата мајка.

Ете – и рече мајката – го скроти тој ѕвер, а нема да можеш да го скротиш твојот маж? Оди дома и придобиј го и него, со лукавост, со нежност, со трпение, онака како што ти најдобро знаеш!

Жена си! Ти добро знаеш како се спитомува маж!

 

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // Ќерката се пожалила дека не може да го смири сопругот! Еве што ја посоветувала нејзината мајка…
Горе