Ова ќе ве увери дека Бог и кога молчи помага!

19 јануари, 20150
1

Во приказната се раскажува за Хакон, човек кој постојано се молел и размислувал за Распетието на Исус, вели старата легенда…

Крстот пред кој тој се молел бил многу стар, а луѓето пред него доаѓале да се молат од многу вери и го молеле Христос за чудо. Еден ден Хакон, пустинскиот човек, сакал да го замоли Исус за услуга. „ Дозволете ми да го земам вашето место“.

Потикнат од чувството на великодушност, добрина и љубов, тој клекнал пред распетието и рекол: „Господи, јас сакам да трпам и умрам за вас. Дозволете ми да го завземам вашето место. Сакам да бидам на вашето место на крстот“. Го погледнал и чекал одоговор. Тогаш Господ ја отворил устата и проговорил. Неговите зборови доаѓале од небото, како шепот, но и како предупредување. „Мојот верен слуга, ќе ви ги исполнам желбите, но само под еден услов. „Кој господине? Дали е тоа нешто тешко? Подготвен сум да исполнам се со ваша помош!“, одговорил стариот Ханкон.

„Слушај ме добро: Што и да се случи и без оглед на тоа што ќе го видиш засекогаш треба да молчиш“. На тоа Ханкон одговорил: „Ви ветувам мој Господине!“. И потоа ги замениле местата. Никој ништо не приметил, никој не го препознал пустеникот. Долго време тој се држел до договорот и никогаш не зборувал со никого за тоа. Но еден ден пристигнал еден богаташ и по молитвата си го заборавил својот паричник под крстот. Хакон го забележал тоа, но молчел. Тој не проговорел ниту кога еден млад човек клекна да моли за благослов пред да замине на долго патување. Во тој момент се вратил богаташот барајќи го изгубениот наовчаник.

Откако не го пронашол помислил дека момчето го земал. Тој му се развикал, обвинувајќи дека го украл. Младото момче се изненадило велејќи дека не е крадец. Тогаш богатиот човек почнал да го тепа момчето. Во тој момент еден глас одекнал да престанат. Хакон не можел да се воздржи а да не го одбрани младото момче од лажните обвинувања. И двајцата веднаш побегнале. Кога веќе немало никого кај крстот, Христос проговорил на неговиот слуга.

Симни се од крстот не си достоен да стоиш на моето место. Ти не го одржа своето ветување и не молчеше. На тоа Хакон го прашал како може да допушти ваква неправда? Исус повторно застанал на своето место на крстот, а пустиникот на подножјето од истиот. Тогаш Господ му проговорил.

„Ти не знаеше дека е добро тоа што богаташот го изгуби наовчаникот. Тоа беа пари со кои тој сакаше да изврши прељуба со млада девица. Сиромашниот напротив направи добро со тоа што го задржа наовчаникот, затоа што живееше во крајна беда. За момчето ќе беше подобро да богаташот го претепаше, затоа што тогаш не би заминал на пат. Гледаш тој е сега мртов. Загина пред неколку минути во бродолом. Ти ова не го знаеше, но јас го знаев. Тоа е причината зошто јас молчам. Јас често се прашувам: „Зошто Бог не одговара на нашите молитви… Зошто се одлучил да молчи? Многумина од нас би сакале тој да ни кае дека е одговорен во согласност со нашите желни и фантазии… но Божјиот пат е различен. Тој го знае минатото, сегашнота и иднината… Бог нам ни одговоара и во тишината… мораме да бидеме подготвени да го сослушаме и да почекаме на неговиот одговор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *