Порака на странец од воз ја трогнала до солзи: Да има повеќе такви луѓе светот би бил подобро место

27 јануари, 20150
12

Да се смири расплакано или немирно дете во воз не е едноставно. Особено во ситуации кога дополнителен притисок ви прават нетрпеливи и нервозни патници.

Самохраната мајка Саманта Велч се нашла токму во таква ситуација, но во нејзиниот случај целата приказна не се завршила со фрустрација туку со порака која ја трогнала до солзи.

Имено, мистериозен странец излегувајќи од возот ѝ дал ливче во кое се наоѓала банкнота од пет фунти и порака: „Испијте пијалак на моја сметка. Вие сте гордост на вашата генерација, пристојни сте и добро го воспитувате момчето. П.С. Имам ќерка на ваши години… Се надевам дека еден ден и таа ќе биде фобра мајка како вас“.

Се потпишал само како „мажот од возот со очилата и шапката“.


„Пораката ја прочитав десет или 20 пати. Ме шокираше тоа што тоа го направи човек со кого не ни разговарав. Не знам што го натера да ми ја пише таа порака, но ме трогна. Тоа многу ми значи“, кажала 23-годишната Саманта и додала: „Ова покажува дека на светот сѐ уште постојат добри луѓе и сакам да знае дека сум навистина благодарна. Да има повеќе такви луѓе светот би бил подобро место“.


Саманта објаснила дека таа и нејзиниот син Рајлан имале мачно возење од пет и пол часа, а тоа, како што вели, би било премногу и за најмирните деца.

„Кога сте самохрана мајка, луѓето постојано ве гледаат и осудуваат, но поради пораката се почувствував посебно и гордо. Можеби звучи смешно, но сѐ што се обидувам да направам е колку можам подобар живот за својот син“, кажала Саманта.

https://www.youtube.com/watch?x-yt-cl=84838260&v=7HqnCNgNER8&x-yt-ts=1422327029

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi