Се прашувате дали Бог постои? Ова генијално објаснување можеби ќе ви ја реши дилемата

19 октомври, 20150
01

Еден ден професор на факултет решил со студентите да започне дискусија.

Прашал:

-Дали Господ го создал сето она што постои –студентите на глас кажале дека е така.

-Баш се? –прашал професорот.

-Да, се –бил одговор на студентите.

-Во тој случај го создал и злото, зарем не? Бидејќи, злото постои – кажал професорот.

Студентите замолчиле, немале одговор на тоа прашање.

Професорот бил воодушевен бидејќи докажал дека верата е само мит.

Наеднаш, еден студент кренал рака и прашал:

-Може ли јас нешто да ве прашам?

-Секако- одговорил професорот.

-Дали постои студ?

-Секако, колега. Зарем  никогаш не сте почувствувале студ?

-Всушност професоре, студот не постои!Според она што сме го учеле по физика, студот е недостаток на топлина. Може само да се набљудува дали објектот има и дали предава енергија и своја топлина на други објекти. Без топлина, предметите се инертни, не реагираат. Значи студот не постои. Ние го создадовме терминот СТУД за да го објасниме недостатокот на топлина- кажал студентот, а потоа прашал:

-А дали постои темнина?

-Таа постои – кажал професорот.

-Повторно грешите, господине. Темнината е потполен недостаток на светлината. Можеме да ја проучуваме светлината и осветлувањето, но не и темнина. Призмата на Николсов покажува голем број на различни бои на кои светлината се разлага во зависноста од брановата должина. ТЕМНИНАТА е термин кои го создадовме да го објасниме потполниот недостаток од светлината.

И конечно, студентот прашал:

-А злото, професоре, постои ли злото?

Професорот молчеше.

Студентот продолжил:

-Господ не го создал злото!Злото е отсуство на Господ во срцето на човекот, тој е отсуство на љубов, човечност и верба. Љубовта и верата се како топлината и светлината. Тие постојат. Нивниот недостаток доведува до зло.

Сега професорот замолчел.

Студентот се викал Алберт Ајнштајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi