Според бенките на лицето и телото ќе знаете дали ќе имате успех и љубов во животот

17 јануари, 20150
2

Кинезите веруваат дека бенките на нашето тело може да ја откријат нашата судбина во зависност од бојата, големината и позицијата на телото.

benkite-ja-otkrivaat-vasata-sudbina-dali-se-obelezani-za-uspeh-ili-za-ljubov-vo-zivotot-01

Откријте дали ви претстои живот исполнет со успеси, живот на пат, среќен брак, успешна кариера или тешкотии во работата или љубовта.

Бенки на лицето

benkite-ja-otkrivaat-vasata-sudbina-dali-se-obelezani-za-uspeh-ili-za-ljubov-vo-zivotot-02

Позиција 1-3

Сте биле бунтовник во детството. Имате вродена креативност и најдобро функционирате кога имате слобода. Ако имате бенка на овие позиции, најмногу успех може да имате какао претприемач, односно да бидете сам свој газда. Ќе ве следи среќа доколку одлучите да почнете сопствен бизнис.

Позиција 4

Многу сте импулсивни, харизматични и енергични. Но, стануваат збунети кога пред вас се наоѓаат повеќе опции. Тврдоглави сте, но тоа не ве држи долго. Сакате цврсто да ги арументирате своите ставови. Бенките на овие позиции покажуваат дека сте многу темпераментни.

Позиција 5

Бенките над веѓите значат дека среќата ве следи кога се работи за финансискиот успех, но за да го постигнете мора да работите многу повеќе од некои други. Паричното богатство мора внимателно да го чувате бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои ќе се обидат да ве изманипулираат и да ви го одземат заработеното богатство. Луѓето кои имаат бенки на оваа позиција не треба многу да им веруваат на луѓето. Следете ја својата интуиција и бидете внимателни. Никогаш не дозволувајте други да ви ги контролираат финансиите.

Позиција 6

Бенките на оваа позиција укажуваат на интелигенција, креативност и уметнички вештини. Вашиот талент за уметност може да ви донесе богатство, слава и успех. Богатството ви следува кога ќе сфатите дека би требало да го следите срцето и да го отфрлите конвенционалниот начин на размислување. Успехот ви следува само доколку сте доволно храбри.

Позиција 7

Бенките под веѓите укажуваат на расправии во пошироката фамилија кои ќе ви донесат немир и несреќа. Несогласувањата во семејството ќе влијаат на вашата енергија и вашата кариера. Неопходно е да ги решите сите внатрешни проблеми пред да започнете да напредувате во животот.

Позиција 8

Оваа позиција не е позитивна. Финансиската ситуација секогаш ќе ви биде проблематична поради вашата потреба да трошите повеќе од тоа што е потребно. Имате предиспозиции да станете коцкари. Важно е да знаете кога треба да запрете. Личностите со бенки на оваа позиција имаат тенденција да флертуваат како со спротивниот пол така и со личностите од истиот пол. Контролирајте се како го користите вашиот шарм, бидејќи може да ве вовлече во проблеми.

Позиција 9

Оваа позиција укажува на сексуални проблеми. Ова е многу лоша позиција за бенка и според верувањето би требало да ја отстраните. Бенката на оваа позиција носи голем број проблеми.

Позиција 10

Бенката на оваа позиција носи многу среќа кога е во прашање семејството. Личностите со бенка на оваа позиција ќе имаат многу деца. Вашето семејство ви овозможува финансиска и емотивна поддршка. Емотивно сте многу задоволна личност.

Позиција 11

Бенка на оваа позиција укажува на болести. Се верува дека бенката на оваа позиција треба да ја отстраните, особено ако е потемна и голема.

Позиција 12

Бенката на оваа позиција укажува на успех и урамнотежен живот. Оваа позиција на бенката носи богатство, но и слава. Иако имате склоност да живеете на висока нога, ќе бидете многу задоволни со вашите семејни односи. Жените со бенка на ова место се многу убави и ќе ги следи среќа во животот.

Позиција 13

Децата ќе ви претставуваат грижа во животот. Н сте или нема да бидете во добри односи со вашите деца. Немате многу опции на располагање освен да бидете толерантни.

Позиција 14

Бенката на оваа позиција укажува на чувствителност на храна. Алергични сте на храна. Јадете повеќе од она што би требало.

Позиција 15

Вие сте личност која сака промени. Секогаш сте подвижни и често го редизајнирате или реновирате домот. Сакате новитети, да запознавате нови друштва и да патувате на нови места. Многу сте несреќни кога се задржувате подолго време на едно место. Имате авантуристички дух.

Позиција 16

Мора да бидете внимателни кога станува збор за храната и сексот. Тоа се вашите најголеми проблеми. Тргнете се од проблемите со килограмите, бидејќи тоа ве прави депресивни. Сакате романтика и склони сте во еден момент да имате повеќе сексуални партнери. Имајќи предвид дека сте морална личност, таквите љубовни и сексуални авантури ќе ви донесат грижа на совест што може да ви предизвика стрес.

Позиција 17

Многу сте друштвени и вербално надарени. Постои можност да го извалкате вашето име ако не бидете скромни кога е во прашање вашиот животен успех. Немојте да се фалите себе. Многу лошо ќе се чувствувате ако ве отфрлат луѓето, а друштвото ви е од големо значење.

Позиција 18

Вие сте личност која е секогаш во движење. Оваа позиција укажува на чести и долги патувања. Мора да бидете многу внимателни кога патувате, бидејќи бенката на ова место означува дека треба да останете дома.

Позиција 19

Имате многу среќа во парите и имате многу добри пријатели. Вашата слаба точка е тоа што потпаѓате под влијание на спротивниот пол. Ова место на бенката може да ви донесе проблематични ситуации во животот.

Позиција 20

Бенката на оваа позиција може да ви донесе голема среќа или голема несреќа. Оваа бенка може да ви донесе огромна слава или неверојатна несреќа. Многу сте интелигентни и изразена е вашата креативност. Вашите таленти може да ги манифестирате на позитивен или негативен начин. Имате меморија како слон и не простувате лесно.

Позиција 21

Бенка на оваа позиција означува успех и слава во животот.

Позиција 22

Среќата ве следи низ животот и сè ви оди лесно. Може да се прославите во спортот, ако тоа е ваша цел. Оние кои имаат бенка на крајот на веѓите се моќни и авторитетни. Бенката на оваа позиција е поволен за директори во управни одбори или големи претпријатија.

Позиција 23

Имате многу висок коефициент на интелигенција во теоретска и практична смисла. Многу сте борбен и и вашиот живот ќе биде многу исполнет. Ќе бидете активни до крајот на животот и вашето семејство и пријателите ќе бидат покрај вас до самиот крај.

Позиција 24

Бенката на оваа позиција укажува на успех и слава уште во рани години. Се советува тој успех да се искористи за да си обезбедите животи со бенката на оваа позиција може да имате тешкотии во подоцнежните години од животот.

Позиција 25

Личностите со бенка на оваа позиција имаат успех и среќа во животот, но треба д асе оттргнат од претерувањата. Задржете ги вашите традиционални ставови о обезбедете си сигурна и среќна иднина.

Бенки на предниот дел од телото

benkite-ja-otkrivaat-vasata-sudbina-dali-se-obelezani-za-uspeh-ili-za-ljubov-vo-zivotot-03

Позиција 1

Животот ќе ви биде многу тежок и ќе имате периоди кога ништо нема да ви оди од рака. Доколку бенката има црвеникава боја, се наоѓа на предната страна од телото, тоа значи дека лесно ќе се справувате со препреките кои ви ги носи животот.

Позиција 2

Вие сте личност која лесно подлегнува на стрес. Земете длабоко воздух кога ќе се најдете под притисок на вашите најдраги.

Позиција 3

Многу сте популарни и вашиот живот е преполн со препреки. Сакате да работите и многу ви се важни пријателските случувања, Оваа позиција укажува на тоа дека ќе стигнете на висока позиција во работата.

Позиција 4

Бенката која се наоѓа блиску до средината на предниот дел укажува на тоа дека мора да бидете внимателни кога е во прашање храната.

Позиција 5

Оваа позиција на бенката значи дека животот ќе ви биде среќен и без многу грижи.Само обрнете внимание на вашето здравје кога ќе наполните 50 години.

Позиција 6

Оваа бенка означува многу амбициозни личности кои имаат големи планови за во иднина. Во животот ве очекува успех.

Позиција 7

Оваа бенка ги обележува великодушните личности. Многу сте искрени и привлечни кога е во прашање работата.

Позиција 8

Бенка на стомакот означува личности на кои цел живот ќе им биде лесен. Оваа бенка ако е мала носи поголема среќа.

Позиција 9

Бенката на стомакот укажува на голем финансиски успех во животот. Колку е помала бенката толку подобро. Доколку ви го допира папокот тоа значи дека ќе бидете многу богати.

Позиција 10

Личноста која има бенка на оваа позиција ќе има многу деца.

Позиција 11

Бенката на ова место укажува на послушни деца кои ќе ви донесат многу среќа во животот. Ќе бидете горди на своите деца.

Позиција 12

Бенката овде носи многу среќа. Неочекувани пресврти се загарантирани. Доколку на оваа позиција имате бенка, тоа ќе ви донесе голема среќа.

Позиција 13

Бенките на оваа позиција укажуваат дека ќе имате убав партнер, односно партнерка. Исто така, укажуваат дека вие изгледате убаво.

Позиција 14

Бенката во близина на пазувите укажува на голема среќа во животот. Ако бенката е скриена под пазувите тоа значи дека може да очекувате високи позиции во животот.

Позиција 15

Бенката на оваа позиција значи дека ќе мора многу да работите за да постигнете нешто. Оваа позиција навестува физичка работа.

Позиција 15

Бенките на оваа позиција значи дека ќе мора многу да се трудите за да постигнете нешто во животот. Оваа позиција ви го навестува напорот кој ќе го вложите во успехот.

Позиција 16

Оваа позиција укажува на тоа дека со тежина ги остварувате сите работни резултати. Кариерата ви е слаба страна.

Позиција 17

Бенката на оваа позиција открива дека цел живот ќе се занимавате со пари. Тие пари најчесто нема да бидат ваши, па затоа бидете внимателни.

Позиција 18

Бенката на внатрешната страна на зглобот од раката значи дека сакате да трошите пари и дека ќе ви биде многу тешко да го задржите богатството. Доколку бенката е на левата рака, тоа значи дека парите ги трошите уште пред да ги создадете. Се верува дека бенката на десната рака посочува на брз прилив на пари.

Позиција 19

Бенката или бенките кои се наоѓаат на внатрешната страна на машкиот бут, најавуваат наследство. Доколку жената има бенка на истата позиција, пак, тоа значи дека своето наследство ќе го заработи сама.

Позиција 20

Бенката на долниот дел на ногата ви предвидува многу тешкотии низ животот.

Позиција 21

Бенката во предниот дел од стапалото обележува маж кој многу ќе патува. Но, внимавајте, колку поголема е бенката толку поголеми проблеми ќе имате на патувањето.

Позиција 22

Оваа позиција на бенка кај жените означува краток живот кој е исполнет со стрес и грижи. Научете да се опуштите!

Позиција 23

Оваа позиција означува жена која се грижи за своето семејство.

Позиција 24

Бенката на оваа позиција е знак за многу сексуална и заводлива личност

Позиција 25

Бенката на оваа позиција означува жена која обожава деца, а децата во нејзино присуство се чувствуваат безбедно.

Позиција 26

Жената која има бенка на ова место е доста нестабилна личност. Обожава да троши големи суми на пари.

Позиција 27

На жените со бенки на оваа позиција не би требало да им верувате затоа што не знаат да сочуваат тајна. Не се лоши, но сакаат да зборуваат.

Позиција 28

Бидете практични со парите и бидете внимателни, затоа што полесно трошите, отколку што заработувате.

Позиција 29

Ова е жена која е среќна и полна пари. Бенката на оваа позиција гарантира успех и богатство.

Позиција 30

Ова е позитивна позиција за бенка, затоа што е карактеристична за личностите полни почит.

Бенките на задната страна од телото

benkite-ja-otkrivaat-vasata-sudbina-dali-se-obelezani-za-uspeh-ili-za-ljubov-vo-zivotot-04

Позиција 31

Бенката на коленицата значи дека ќе морате многу да работите за да успеете во животот.

Позиција 32

Личноста која има бенка на ова место, има недостаток на амбиции. Поработете на тоа!

Позиција 33

Ова е груба личност, во секој поглед.

Позиција 34

Доколку имате бенка на врвот на стапалата нема да имате многу среќа во љубовта. Ако бенката е црвена, ќе имате подобар љубовен живот дури кога ќе ги надминете личните проблеми заради кои страдаат вашите врски.

Позиција 35

Оваа позиција открива дека во животот ќе имате сè што ви е потребно за нормален живот. Постои можност да станете богати преку ноќ, па нема да имате големи проблеми со финансиите.

Позиција 36

Мажите кои имаат бенки во централниот дел на грбот ќе се соочат со трајни проблеми на грбот.

Позиција 37

Жената која носи бенка на оваа позиција ќе биде сведок на многу несреќни настани во животот.

Позиција 38

Доколку имате бенка на ова место ве очекуваат голем број на озборувања и навреди во животот. Бидете подготвени!

Позиција 39 и 40

Бенката на ова место открива дека имате недостаток на работна енергија. Тешко ви е да го задржите работното место и она за што постојано работите.

Позиција 41

Положбата на оваа бенка значи дека не сте амбициозни, ниту одлучни. Нема да имате доволно мотивација, но затоа ќе имате голема среќа во бракот.

Позиција 42

Оваа бенка ви носи потенцијал за богатство и успех. Доколку имате бенка на ова место поуспешни ќе бидете како директор на свој бизнис, отколку ако работите за друг.

Позиција 43

Бенката на задникот открива дека сте мудри и креативни. Во животот ќе бидете ценети и почитувани.

Позиција 44

Оваа позиција означува дека сте харизматична и популарна личност.

Позиција 45

Оваа позиција одбележува личност која е паметна и интелигентна. На оваа личност можете да и се доверите.

Позиција 46

За жал, доколку имате бенка на задната страна од колениците, нема да имате многу среќа во животот. Ако сте суеверни, тогаш можете да го отстраните.

Позиција 47

Бенката на задната страна од листовите се знак за зафатени личности. Ќе бидете во добри односи со поголем дел од луѓето кои ќе ги сретнете.

Позиција 48

Мажот кој има бенка на ова место често пати е оддалечен од домот. Можно е и сам да се пресели некаде далеку.

Позиција 49

Бенката на оваа позиција е симбол за личностите кои немаат стил и се однесуваат непристојно.

Позиција 50

Бенките на оваа позиција имаат негативно значење, барем кога се работи за бракот. Ако е со темна, црна боја, тогаш таа е симбол на неуспешна љубов.

Позиција 51

Оваа позиција е симбол на неуредни личности.

Позиција 52

Оваа позиција укажува на нестабилна брачна состојба или развод.

Позиција 53

Доколку имате бенка на раката, никако не ја отстранувајте, затоа што таа означува многу пари!

Позиција 54

Бенката на ова место укажува на брак под влијание на негативни околности.

Позиција 55

Многу внимание посветувате на работата. Ова се личности кои се полни со доверба и слободно може да се потпрете на нив.

Позиција 56

Бенката на задникот значи многу среќен живот со голем број на успеси.

Позиција 57

Ако имате бенка на ова место, очекувајте живот во кој луѓето ќе ве озборуваат.

Позиција 58

Ова е личност која има голема трпеливост, но ако ја форсирате може да има негативни последици.

Позиција 59

Личноста која има бенка на оваа позиција знае да раководи со пари и бројки. Вие би биле одличен сметководител.

Позиција 60

Бенката на оваа позиција означува жена која има развиено богати друштвени вештини и вреди да се цени.

Позиција 61- 62

Овие позиции на бенки означуваат личност која има многу пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi