Месецот во кој започнала вашата врска ви ја предвидува иднината

popara31 јануари, 20151min00
11

Верувања, суеверие- наречете ги како сакате. Но, сепак за да се пренесуваат толку долго низ времето сигурно си имаат доза вистина. Па дознајте што кажува месецот за вашата врска или во кој месец е најдобро да го кажете судбоносното „Да“.

Јануари- не е многу поволен за започнување на врска (брак). Освен, ако партнерите не се познаваат уште од деца. Тогаш веќе е стабилен сојуз.

Февруари- еден од најповолните месеци! Независно дали имате многу разлики или сте премногу еднакви, посебно врските започнати во Февруари се многу стабилни, долготрајни и среќни.

Март- ветува неизбежна разделба, со многу расправии при делбата на имотот. Шанса имат само партнери кои се склони кон големи компромиси. Но сепак тешко дека ќе им успее.

Април- воз на ужасот! Врската ќе ви биде многу емоционална, бурна, со подеми и падови. Можеби не е најспокојната и најсреќната, но ниту пак за секунда не е досадна.

Мај- овој месец ветува за врските и браковите кој се започнати во него, многу грижи, но повеќе финансиски отколку емоционални. Партнерите ќе работат многу, но парите сепак нема да им стасат.

Јуни- месецот на богатството и просперитетот. Ако врската почнала тогаш партнерите ќе имаат многу добро влијание еден на друг, дури и кавгите ќе им бидат поучни за нивното развивање и усовршување во секој аспект.

Јули- исто така многу поволен месец за обврзување. Ветува многу радости и сосема малку грижи. Дури врската и да не продолжи многу и двајцата партнери ќе имаат многу убави спомени од неа.

Август- врските и браковите, кои започнале во тој месец се трајни и стабилни, затоа што се одвиваат со искрено пријателство. Месецот подразбира разбирање, доверба и хармонија во односите.

Септември- ветува спокојни, стабилни и ветувачки односи. И во финансиски и емоционален план. Вљубените треба само да внимаваат на егото и да не се стремат да се притискаат. И се ќе се одвива прекрасно.

Октомври– насочува кон тежок и напрегнат семеен живот. Исполнет со двоумење, разочарувања и недоразбирања. Ако сеуште не сте се венчале, но сепак сакате да останете заедно, добро ќе биде да го склучите бракот во Јуни.

Ноември- многу успешна врска од финансиска страна. Луксуз и алчност ги очекува партнерите. Тоа е чудесен услов за да си живеат спокојно. Но треба да се пазат од искушението да тргнат по лош пат.

Декември- Најповолниот месец за обврзување и брак! Ветува многу нежности, грижење, љубов, романтика, доверба и разбирање меѓу вљубените. Долга и среќна врска!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma