Откако еднаш ќе го пробате овој специјалитет од тиквички – ќе го јадете секој ден

31 јули, 2015
22

Потребни состојки:

2 тикви

1 поголем модар патлиџан

1 поголем домат

1 шолја презла

1 шолја овесно брашно

2 јајца

2 дл. павлака за готвење

6 лажици маслиново масло

оригано, босилек, сол и бибер

Подготовка:

Подмачкајте ја тепсијата со маслиново масло. Потоа помешајте ги овесното брашно и презлата, па нанесете ги со тенка дебелина на дното.

Наредете една тиквичка. Попрскајте ја со две лажици маслиново масло. Повторно наредете дел од мешавината од брашно и презла, а потоа зачинете. На крајот, изрендајте го модриот патлиџан, попрскајте со масло, па посолете. Повторно ред изрендана тиквичка, попрскајте со маслиново масло, па ставете малку од сувите состојки. Одозгора исечете еден поголем домат.

Изматете 2 јајца со 2 дл. павлака за готвење, прелејте одозгора и запечете на 200 степени, околу 20 минути.

Се служи  со кисело млеко или салата од домат.