Полнети похувани пиперки

30 април, 20150
13

Состојки:

– 7-8 парчиња зелени свежи пиперки
– 150 г шунка
– 150 г кашкавал
– 4-5 парчиња кисели краставички
– 150 мл кисела павлака
– малку сол, црн пипер
– 100 г брашно (за похување)
– 100 г презла (за похување)
– 2 јајца (за похување)
– малку масло за готвење

Подготовка:

1.Пиперките ги миеме, им ги отсекуваме рачките и им ги отстрануваме семките.

2.Шунката ја сечкаме на коцки, а кашкавалот и киселите краставички ги рендаме.

3.Во поголем сад, ги мешаме состојките, додаваме кисела павлака и зачинуваме.

4.Со лажица ги полниме пиперките со подготвениот фил.

5.Секоја од пиперките ги валкаме во брашно, јајца и лебни трошки а потоа повторно во јајца и лебни трошки.

6.Похуваните пиперки ги пржиме во тава на оган, на загреано масло.

7.Испржени, ги оставаме ги на кујнска хартија добро да се исцедат и ги послужете во комбинација со некој сос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *