Сакате гумени бонбони? Еве како да ги направите сами!
29 јануари, 20150
Израдувајте ги вашите деца со фантастични гумени бонбони кои сами ќе ги направите.
Во сад за готвење, средна големина, ставете половина чаша ладна вода. Потоа додајте две супени лажици желатин и желатин во боја со арома.
Гответе пет до 10 минути на средна јачина, важно е да внимавате да не зоврие.
Цело време мешајте, а потоа исклучете го шпоретот и ставете го желатинот во сад да се олади. Отстранете ја пената од врвот на смесата.
Земете силиконски калапи и ставете го желатинот, а потоа ставете ги во фрижидер на 15 минути.
Тоа е тоа, ви останува да уживате во своите домашни гумени бонбони.