Совршен десерт готов за 6 минути
27 февруари, 20150
Потребни состојки за подготовка:
- 1 шолја истопен путер
- 2 шолји мелени бисквити
- 2 шолји шеќер
- 1 шолја и 4 лажици путер од кикирики
- 1 ½ чоколадо на парчиња
Подготовка:
Во длабок сад помешајте го истопениот путер со мелените бисквити и шеќерот додека состојките не се соединат.
Додајте 1 шолја путер од кикирики и мешајте додека не добиете еднолична смеса.
Растопете го чоколадото и додадете ги 4-те преостанати лажици путер од кикирики.
Смесата од бисквити ставете ја во тава и израмнете ја. Прелијте го растопеното чоколадо и добро измазнете.
Оставете го колачот да отстои 1-2 часа во ладилник или половина час во замрзнувач, па исечете го на коцки.