Секогаш имајте „ПЛАН Б“

popara23 јануари, 20151min00
01

Реалноста многу често ни покажува и докажува дека секогаш треба да имаме „План Б“, особено кога станува збор за врските. Колку и прекрасно да изгледа се и колку и да сме вљубени, се може да се случи…дури и да си мислиме дека го имаме идеалниот маж до себе и најхармоничната врска, никогаш не треба сосема да ги исклучиме заштитните функции и механизми!

Веројатноста да го „начекаме“ партнерот со друга под тушот или да налетаме на трага од кармин на неговата кошула, секогаш постои како отворена опција.

Затоа и постои „План Б“ кој во никаков случај не треба да го сметате како нешто со кое сте го изневериле партнерот, од морален аспект. Тоа е нешто како осигурување и добро „лекарство“ истовремено.

Дури „План Б“ да не е нашата голема љубов или да не е толку идеален, дефинитивно може да помогне во ваква ситуација, барем привремено, кога шокот е најсилен.

На секоја од нас и се случило да ја почувствува онаа комбинација од гнев, понижување, паника и тага. Во тој момент светот навистина изгледа подобар, кога едноставно имаш „План Б“…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma