Искористете ги нането и магдоносот за да ги отстраните неправилностите на вашето лице.
Нането ги смирува акните
Нането содржи состојки кои ја смируваат кожата, го намалуваат црвенилото и ги сушат акните. Земете една рака листови од нане и истно исецкајте ги. Во нив исцедете малку сок од лимон. Со смесата прекријте ги акните и оставете нека делува 15 минути. Потоа измијте се со млака вода. Оваа постапка може да ја повторите 2 до 3 пати во денот.
Магдоносот ги избледува темните подочници
Ако сакате да ги избледете подочниците, магдоносот е единствениот спас. Тој содржи витамин К, кој кога се применува локално го намалува отокот и ја зголемува циркулацијата. Една рака магдонос ставете во една супена лажица јогурт. Изблендирајте ја смесата. Ставете дебел слој околу очите о оставете барем 20 минути. Потоа измијте се со ладна вода.