Лековитите својства на компирот се познати од пред стотици години. Особено лековит е сокот од компир кој помага за лечење на неколку болести. Успешно се лекуваат:
гастритис – 1 лажица сок од компир разреден со малку вода треба да се зема половина час пред поручек, ручек и вечера
чир на желудник – 50 мл. сок од компир на празен стомак и по 50 мл. сок од компир пред ручек и вечера
шеќер во крвта – секојдневно конзумирање сок од компир
како дел од третманот за болести на бели дробови – секојдневно конзумирање сок од компир
канцерогени заболувања – сокот од компир е дел од Бројсовата терапија за лечење на рак
болести на слезината и црниот дроб, срцеви болести, чести главоболки и менструални болки – секојдневно конзумирање на сок од компир.
Подготовка на сок од компир
Измиете го компирот и отстранете ги зелените делови од кората. Компирот ставете го во соковник и за нецела минута ќе имате чаша полна здравје. Наместо да користите соковник може да го изрендате компирот и со ленена крпа убаво процедете го. Се пие свеж.
За подобар вкус може да го промешате со мед, сок од лимон, морков или јаболко.