Црни прогнози: Луѓето масовно ќе умираат, температурите ќе бидат 75 степени!

29 октомври, 20150
4

Во некои земји до крајот на овој век ќе биде толку жешко што животот за луѓето ќе биде невозможен, предупредуваат научниците.

До 2100 година, а тоа е за само 85 години, делови од Катар, Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Оман ќе имаат таква комбинација на температури и влага кои човечкото тело нема да може да ги издржи, се наведува во студијата објавена во магазинот Nature Climate Change.

Земјите од Персискиот залив ќе ги погодат такви топлотни бранови какви што на Земјата не се забележани откако на неа живеат луѓето, пишува Индепендент.

Најмалку шест часа во текот на еден ден температурите ќе бидат 74 и 75 степени Целзиусови, а ќе има и голема влага. Тоа е толку топло време што човечкото тело не може да го издржи.

Таквите супер топлотни бранови, според симулациите, ќе удираат еднаш во десет години, а научниците предвидуваат дека би можеле да донесат висока стапка на смртност. Развиените градови како Абу Даби, Дубаи и Доха, ќе бидат помалку погодени, поради разладните уреди кои практично ги имаат сите. Но, за оние кои живеат вон такви услови, животот ќе биде неподнослив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi