Го нарекувала „господин прекрасен”, сe додека не дознала дека ја снима – Тогаш започнал кошмарот

29 април, 20150
10

Секој пат кога Ники Ретел ќе запознае нова личност, таа се прашува дали таа личност ја видела гола. Нејзините разголени фотографии се објавени на интернет, излегуваат со години откако нејзиното поранешно момче ги поставило. Таа е жртва на одмазднички порно слики, кои се сметаат за онлајн злоупотребување.

34-годишната Ретел вели дека нејзините разголени фотографии биле на илјадници сајтови. А сè започнало со човекот кого го нарекувала „господин прекрасен“. Тие двајца се гледале кратко време, сè додека Ники не забележала лампа која свети од стаклото за моливи во неговата соба.

„Нешто ме натера да го отворам тоа, а кога го отворив… почувствував вртоглавица“, вели Ники.

Таа внатре нашла мемориска картичка со безброј нејзини фотографии, од тоа како гледа телевизија, до тоа како се пресоблекува. Држачот за моливи била само една од многуте камери кои ги снимале нејзините приватни моменти. Господин прекрасен исто така поставил камери насекаде и во нејзиниот дом.

„Не знаев дека луѓето го прават тоа“, вели Ретел. Тие фотографии завршиле на многу сајтови, како одмазднички порно материјал. Нејзиното поранешно момче покрај фотографиите го пишувал нејзиното целосно име, датум на раѓање, број на телефон и адреса за која мислел дека е нејзината.

„Останував будна по цели ноќи, во кафез, барајќи и откривајќи многу работи“, вели Ники.

За жал, вакви ситуации често се случуваат. Во Чикаго, една жена која замолила да ја нарекуваат „Џејн“, доживеала сличен кошмар. Нејзиниот поранешен сопруг прикачил на интернет фотографии и видео записи од нејзиниот меден месец. Таа вели дека едно од видеата било прегледано милион пати.

„Тоа го опишувам како силување, се чувствувате изложено. Чувствувате како милиони луѓе ги гледаат вашите најинтимни моменти“, вели таа.

Оваа жена вели дека судството одбило да поднесе пријава. „Тие ми рекоа дека не постои ништо што можат да сторат за мене. Ми рекоа следниот пат да внимавам што правам“, вели Џејн.

Нејзиниот адвокат, Делија Сапер, вели дека е тешко законот да ја разбере природата наодмаздничката порнографија.

„Тие се тренирани да се фокусираат на случаи на онлајн демнење и насилство“, вели адвокатот.

Адвокатот Елса Дамико, која ја застапува Ретел, почнала про боно пракса на тема „одмаздничка порнографија“. Таа и колегата Дејв Бејтмен се преокупирани со овие случаи.

„Постојат како епидемија. Жртвите само се натрпуваат. Потребни се многу адвокати за капацитетот на овие случаи“, вели Дамико.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi