И ја залепил вагината на жената со супер лепило за да не го изневерува

31 март, 20150
01 copy

Љубоморен маж од Преторија, Африка. кој мислел дека неговата жена го изневерува одлучил да и се одмазди така што и ставил супер лепило на нејзината вагина, пренесуваат светските медиуми.

Тој станал опседнат со идејата дека неговата 40-годишна сопруга има сексуален однос со нејзиниот вујко откако еден ден тој ја довезол до нивниот дом.

Мажот ја заклучил несреќната жена во соба и  ја натерал да се соблече заканувајќи и се дека ќе и ја отсече главата со мачета која ја држел во раце. Избезумената жена ја раскажала оваа трауматична приказна.

– Пред овој инцидент се обиде да ми ја отсече раката,  бев преплашена. Ми нареди да легнам на креветот и да ги раширам нозете. Потоа извади супер лепило од џебот и го намачка на мојата вагина. Солзи ми течеа низ лицето и го молев да престане, но на него не му беше гајле. Не познавам ниту еден маж кој би и направил такво зло на својата жена – раскажала жената.

Таа подоцна се обидела да го отстрани лепакот, но сега има лузни за цел живот и повеќе нема да може да има сексуални односи и трпи ужасни болки. Таа додала дека сака да го види својот сопруг во затвор, но се плаши дека ќе се врати по неа да и се одмазди.

– Сакав да поднесам тужба, но тој побегна и не е виден уште од инцидентот. Уплашена сум и мислам дека би можел да се врати и да ми ја отсече главата во било кое време – додала жената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *