Кого сакале Американците да доведат на чело на Југославија после Тито?

31 јули, 20150
3

Првиот претседател на Сојузна Република Југославија, Добрица Ќосиќ кој воедно е и писател,  не можел ниту да претпостави каква понуда ќе добиел во времето на падот на Берлинскиот ѕид.

tito

Сето тоа се случувало за време на големите раздвижувања во Европа на преминот од 80-тите кон 90-тите години на минатиот век.

– Дваесетина дена после смртта на Тито ме повика мојот издавач од Америка и ми кажа дека итно мора да отпатувам во Лондон. Заедно со својата ќерка која што одлично говори англиски отпатував во Британската престолнина. Отидов во најнормален хотел и му се јавив на издавачот кој што нè повика на ручек, изјавил Ќосиќ.

Издавачот Вилијам Јовановиќ, кој што тогаш ја издал “Време на смртта” на српски јазик и на англиски јазик, ги повел на прошетка низ Лондон, на улиците на овој градот, во најголемиот градски метеж.

– За веднаш да ви биде појасно, јас сум претставник на ЦИА и ви ја пренесувам пораката од владата на Јуриј Андропов и американската влада. Американската и советската влада сакаат да најдат заменик за Тито. Имаше два кандидати, Милован Ѓилас и вие. Заклучивме дека вие сте помлад и повеќе популарен. Одлуката на нашите служби, американската и советската, е дека се работи на случајот токму вие да го замените Тито и да ја преземете власта во Југославија, му рекол Јовановиќ на Ќосиќ, пренесува српски Телеграф.

– Ја одбив понудата на Тито, а ја одбивам и вашата бидејќи немам такви способности. Како може да ви падне воопшто на памет за еден писател, потполно неквалификуван, да може да го замени Тито. Како воопшто и може да се замени Тито, го запрашал Ќосиќ Јовановиќ.

– Нема што тука вие да работите. Тоа го прават тајните служби. Вие само треба да се согласите и да се однесувате соодветно на приликите и соодветно според нашите проценки. Ќе работиме и на тоа да добиете Нобелова награда за книжевност, му рекол Јовановиќ.

kjosikj

Добросав “Добрица” Ќосиќ (29.12.1921 — 18.06.2014) бил српски писател, политички и национални теоретичар и редовен член на САНУ, како и прв претседател на Сојузна Република Југославија од 1992-рата до 1993-тата година.

А неговата желба било сето ова да биде објавено после неговата смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi