Љубоморна жена и го уништи лицето со алкохолен раствор – Се помирив со тоа дека засекогаш ќе имам лузни, го сакам мојот живот

30 април, 20150
5

Натали Димитровска во 2012 година ја запалила Австралијанката Дана Вулин поради љубомора. Таа е осудена на 17 години затвор и сега сака да ја оспори пресудата, пишува австралиското издание на Daily Mail.

Врз основа на снимка прикажана на австралискиот Канал 7, тие заклучиле дека повредите кои Димитровска ѝ ги нанела на Вулин, затоа што на една забава разговарала со нејзиниот поранешен сопруг, не се толку тешки како што таа навела на судењето.

01-54-foto-MAin-new

Расправата за жалбата е закажана за денес, во Врховниот суд во Западна Австралија. Димитровска била убедена дека нејзиниот поранешен сопруг и Вулин се во врска. Одлучила да го уништи „нејзиното убаво лице“ и на 16 февруари влегла во нејзиниот стан, ја полила со алкохолен раствор и ја запалила. Дана добила изгореници од трет степен, кои зафатиле две третини од нејзиното тело.

Одземен ми е животот, знам дека тоа се тешки зборови, но тешко е да се сфатат огромните последици од губењето на функционалноста, независноста, сексуалноста, губењето на сè“, изјавила Дана Вулин за австралијанското издание на Daily Mail.

Додека преживува тежок и болен период на заздравување, каде што соработува со организации за борба против насилството во семејство и спречување на самоубиство, е соочена со стравот дека Димитровска би можела да биде ослободена.

06-dana-gr-d-152983

„Јас сум осудена на доживотна робија, а таа се жали поради 17 години“, изјавила Дана Вулин. „Колку што разбрав, таа смета дека казната е престрога за она што го направила. Тоа само ми носи немир, сакам да продолжам понатаму, а таа ми нанесе веќе доволно болка, нека ме остави на мира“, вели Вулин.

05-y5-430061521-1a32ovp

Маската која ја носела две години и осум месеци, за полесно да ѝ зараснат раните после операцијата за реконструкција на лицето, ја извади минатата година, но секојдневно се буди вкочанета поради лузните. „Заздравувањето ќе трае најмалку пет години“, вели оваа несреќна жена.

„Се помирив со тоа дека засекогаш ќе имам лузни, а тоа е неопходно за да продолжам понатаму. Се разликувам од останатите, но сум многу горда што толку напредував. Луѓето се во заблуда. Мојот изглед беше само дополнителна предност, но јас бев силна во душата и ментално… Морате да се сакате себе си како личност, затоа што убавината е минлива“, објаснува Дана, која смета дека за нејзиното неверојатно закрепнување е заслужен нејзиниот карактер.

Таа вели дека ја очекува уште многу работа, дека сè уште не може да го свитка лактот или да ги крене рацете. Ако премногу се истегне, кожата ѝ пука и се отвараат рани на неа. Божиќните и новогодишни празници ги поминала во болница, поради операција на градите и рамениците.

„Првиот пат не успеа, па мораа повторно да ме оперираат и повторно се создаваат лузни. Пет пати ми земаа кожа од десната и четири пати од левата нога“, вели оваа храбра жена.

„Јас сум Франкештајн на денешницата… Тоа е вистинско чудо и човечкото тело е и повеќе од неверојатно. Бескрајно сум им благодарна на лекарите и физиотерапевтите кои ми помагаат“.

После сè што се случило, би можело да се очекува дека Дана ќе биде полна со омраза, но таа вели дека се обидува да го извлече најдоброто од ситуацијата.

„Го сакам повторно својот живот. Толку сум благодарна што сум жива, што можам да гледам, да го почувствувам мирисот, да допирам“, вели Дана. Таа се обидува да не размислува за она што ѝ се случило, иако лузните секојдневно ја потсетуваат на тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi